Галерија

Кој каде живее и со што се храни

Тема на неделата: Шумски животни

Дата: 24.04.2020

Реализатор: Славица Брајковска


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Когнитивен развој и стекнување на општи знаења.


СТАНДАРД: Детето ги набљудува и опишува карактеристиките на живиот свет.


НАСЛОВ НА ТЕМА:  Кој каде живее и со што се храни?


АКТИВНОСТ:

1. Утринска гимнастика

https://www.youtube.com/watch?v=pizI7eNVSg8


2. Говорна игра/ разговор

* Потребни материјали:

  • слики
  • илустрации
  • детска литература

🙂 Кога почнуваме разговор за шумските животни треба да знаеме дека шумите и други шумски предели се нивно природно живеалиште. Шумата е заедница на шумски дрвја, други пониски растенија и шумски животни.

01
02

🙂 Планините се дом на многу различни видови животни како што се:

Верверицата; Волк; Еж; Дива свиња; Лисица; Зајак; Мечка; Желка; Елен; Јазовец и др.

03

Верверица – живее во дрвјата на листопадните и иглолисните шуми. Најмногу јаде зрнеста храна, лешници, желади, а понекогаш и јајца што ги краде од птичјите гнезда.

Волк – живее во добро организирана глутница. Волкот е месојадец и најчесто ги лови крупните тревопасни цицачи.

Еж – живее во грмушки, на работ од шумите, по полиња, градините. Ежот лови ноќе и се храни со копнени безрбетници (црви, пајаци, полжави, гасеници итн.).

Дива свиња – живее во шумските предели. Дивата свиња е сештојадно животно и се храни со желади, диви костени, семиња, компири но и со полски глувци и стаорци.

Зајак – Зајакот е вегетаријанец и се храни со: трева, зрна, гранчиња, растенија и плодови од грмушки како дивата малина, зиме се храни со гранчиња, пупки и со кора од некои дрвја.

🙂 Учиме со Биби и Боби: Диви животни

https://www.youtube.com/watch?v=P-3FqCSyfXo


🙂 Кое е ова животно?

https://www.youtube.com/watch?v=4H32gS4fCNE&t=228s


3. Практична креативна активност:

* Потребни материјали:

  • хартија во боја
  • лепило
  • ножици

🙂 Изработка на еж и лисица:

https://www.youtube.com/watch?v=tVIJpisJr9c


https://www.youtube.com/watch?v=QVyrgToA1Tg


4. Музичка игра:

🙂 БЕГАЈ ЗАЈКО

https://www.youtube.com/watch?v=EWbVi7VrsDE


ЦЕЛИ:

  • Да се развиваат способностите за препознавање и класификација на животните според местото на живеење, според родот и карактеристиките.
  • Да се поттикнува процесот на осознавање на одредени основни фактори и услови за опстојување и развој на живиот свет.

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето именува разни животни средини во кои опстојува животинскиот свет.
  • Детето опишува шумски животни со користење на придавки за подобро објаснување.

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ:

  •  Детето ги класифицира животните според родот, местото на живеење и карактеристиките.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес403
Вчера382
Оваа недела2505
Овој месец7482

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња