ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: РАСТЕНИЈА И ИНСЕКТИ
ДАТА: 24.08.2020
РЕАЛИЗАТОР: ЖАКЛИНА ЈОРДАНОВА
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Физичко здравје и моторен развој
СТАНДАРД:
- Детето покажува интерес кон печатени материјали
- Детето може да воспостави контрола на движењето на дланките и прстите
НАСЛОВ НА ТЕМА: КАКО РАСТАТ РАСТЕНИЈАТА?
АКТИВНОСТ:
1. Разговор/енциклопедија
*Потребни материјали:
- слики
- енциклопедија за растенија
Растенијата се многуклеточни автотрофи, што значи произведуваат храна. Според животниот век се делат на: едногодишни, двегодишни и повеќегодишни.
Растенијата имаат 3 животни процеси: фотосинтеза, дишење и транспирација.
Што им е потребно на растенијата да растат и правилно да се развиваат?
- сонце, вода, воздух и минерални материи
Постојат повеќе видови на растенија
2. Практична активност - Садење на семе од различни растенија
* Потребни материјали:
- саксии
- хумус
- семиња
- вода
3. Музичка игра:
- "Јаболче и крувче"
https://www.youtube.com/watch?v=_RLjE-LT18Q
ЦЕЛИ:
- Да се развие способност за користење на книга, енциклопедија
- Да се развива вештина на движење на прстите и дланките за конкретна цел (садење на семиња)
ИНДИКАТОРИ:
- Детето самостојно разгледува енциклопедија
- Детето учествува во практична активност и се обидува да насади семе од растение