ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Здравје и здрави навики
ДАТА: 18.06.2020
РЕАЛИЗАТОР: ЕЛЕНА ГОГОВСКА
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Развој на јазик, описменување и комуникација.
НАСЛОВ НА ТЕМА: Како и зошто се разболуваме?
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра по серија слики.
* Потребни материјали:
- текст
- слики, илустрации.
Кога не се грижиме доволно за себеси, не се храниме здраво, не вежбаме и не водиме лична хигиена, можат да не нападнат различни вируси и бактерии. Еден од тие вируси е и корона вирусот од кој треба многу да внимаваме, да се пазиме и да ги почитуваме препораките за наша лична заштита.
Што се треба да правиме за да останеме безбедни:
- Рацете да ги мие често со вода и сапун и потоа темелно да ги исуши.
- Научете го детето да кива и кашла во лакт наместо во дланки.
- Кога кива или кашла во дланка веднаш да ги измие рацете, а ако користи хартиено марамче да го фрли веднаш по употреба.
- Ако почувствува дека има температура да ви каже вам или на друг возрасен околу него.
- Да внимава да не го допира лицето (очите, носот, устата) кога не му се измиени рацете.
Како да разговарам со моето дете за корона вирусот?
https://www.unicef.org/northmacedonia/mk/%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%B4%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BC-%D1%81%D0%BE-%D0%BC%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%B4%D0%B5%D1%82%D0%B5-%D0%B7%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%B8%D1%80%D1%83%D1%81%D0%BE%D1%82
Најважни се следните мерки кои треба да ги почитуваме за да не се заразиме од вирусот:
- Останете дома.
- Држете растојание.
- Доколку не се чувствувате добро, измерете ја температурата
- Често мијте ги рачињата.
- Носете маски додека сте надвор или покрај друго детенце.
- Работете од дома
2. Ликовна, креативна активност.
* Потребни материјали:
- темпери растворени во вода
- цевка
- лист од блок
- пластелин
Бактерии и вируси.
ЦЕЛИ:
- Развивање на способноста за слушање и разбирање на говорниот јазик.
- Поттикнување и развивање на способност за започнување на дискусија и поставување прашања.