Галерија

Каде ќе патуваме во лето

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ПАТУВАЊА – ДОЖИВУВАЊА

ДАТА: 12.06.2020

РЕАЛИЗАТОР: АЛЕКСАНДРА СИМЈАНОСКА

АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Когнитивен развој и стекнување на општи знаења.

СТАНДАРД:

  • Детето стекнува информации за средината преку набљудување и манипулација.
  • Детето демонстрира интерес за учество во разни видови визуелна креативност.
  • Детето покажува интерес за учество во музичка активност.

НАСЛОВ НА ТЕМА : Каде ќе патуваме во лето?


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра / разговор

    *Потребни материјали :

  • слики
  • илустрации
  • детска литература

Меѓу пролетта и есента постои едно многу жешко годишно време КОЕ СЕ НАРЕКУВА…како дечиња?

1

– Летооо! -  Токму така. Тоа е најтоплото годишно време кога деновите се долги и сончеви, а ноќите кратки. Сонцето рано изгрева, небото е сино. Луѓето носат лесна облека и најчесто одат на годишен одмор во природа, на планина, кај баба и дедо на село, на езеро или на море.

Летото трае три месеци. Во лето во природата има многу храна за сите: за луѓето, за инсектите, за птиците и за животните. Доколку заминете со вашите родители на село, задолжително одете на некоја ливада. Внимателно разгледајте наоколу. Ќе видите многу мали инсекти:  самовилско коњче,, скакулци, стоногалки, комарци, муви, пеперутки и

многу други инсекти. Но каде и да појдете дечиња треба да се заштитите од директните сончеви зраци со носење на капа, шеширче, наочари за сонце и слично.

Во лето има и многу овошни плодови како што се: (цреши, вишни, кајсии, лубеници, дињи, киви, боровинки, малини, јагоди, праски) и разни зеленчуци (морков, тиквички, компири, грашок, пиперки, домати, кромид и други) што се собираат по нивите и градините кои треба почесто да ги полеваме со вода за да не се исушат поради топлината. Потоа тие се продаваат по пазарите и во маркетите. Житото се жнее пред да дојде есента. Од него се меле брашно а од брашното се прават разни производи: леб, макарони, разни видови пити...Колку вкусно нели дечиња!

Ајде сите заедно да разгледуваме, да патуваме низ слики и секој од вас да ни каже каде би сакал да летува – на море, планина или на некое друго забавно место!

2

-ЕЗЕРО-

3 -МОРЕ-
4 -РЕКА-

5ПЛАНИНА

6ПРИРОДА
7СЕЛО

2. Анимирана серија за деца  

СВЕЌИЧКАТА ОГИ: Одиме на плажа

https://www.youtube.com/watch?v=XTX3NunkzVw

  • Другарчиња дали ви се допадна серијата? - Ајде сега заедно да повториме.
  • Каде посака Оги да патува на одмор и со кого?
  • Што се му беше потребно да понесе со себе за да ужива на плажата?
  • Со што патуваа Оги и неговото пријателче нилското коњче до плажа?
  • Кога пристигнаа на плажата што посакаа да истражуваат и што се видоа таму?

3. Практична креативна активност:

Изработка на бротче од хартија 

*Потребни материјали

  • хартија во боја или весник (за изработка на бротчето)
  •  корито или базен
  •  вода
  •  цевки за сок

Најпрво ке го погледнеме видеото и ќе го направиме нашето бротче.

https://www.youtube.com/watch?v=XCz-F1S8yfQ

Заедно со децата замислете дека сте на плажа, покрај море или езеро! Замислете ги песокот и водата! Потоа ке го пуштиме бротчето да плови во водата со дување низ цевките како примерот од сликата подоле.

8


4.Музичка активност:

Песна - Ајде да патуваме

https://www.youtube.com/watch?v=NI45-rK7jD4


ЦЕЛИ:

  • Да се поттикнува интересот и љубовта на децата кон природата.
  • Да се развиваат способности за стекнување на знаења за средината и опкружувањето преку конкретно набљудување и манипулација.
  • Да се поттикне способноста за истражување, споредување, именување на бои, форми, облици на предмети во две и три димензии.

ИНДИКАТОРИ / КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето бара и прибира информации од средината, преку примена на сетилата, набљудувањата и разговор.
  • Детето покажува интерес за самостојно ликовно изразување и изработува бротче од хартија.
  • Детето успешно ги контролира деловите од телото и танцува според музиката.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес28
Вчера326
Оваа недела1507
Овој месец4399

Моментално посетители

2
Онлајн

2024-04-20

Политика за колачиња