Прва соработка со словенечка градинка во рамки на Еразмус+ проектот Job Shadow
На 27.10.2025 година за прв пат во ЈДГ „Весели Цветови" - на општина Кисела Вода во Град Скопје се оствари соработка со градинка од Словенија во рамки на Еразмус+ проект Job Shadow, кој проект беше поврзан со размена на искуства за културата и традицијата помеѓу двете држави, а сето тоа имплементирано во рамките на воспитно - образовните активности со децата од предучилишна возраст. Оваа соработка беше остварена на иницијатива на стручен работник - социјален работник Весна Блажевска и асистентот Весна Молан од Словенија. Во посета беа уште 3 воспитувачки и директорката Рената Фурлан.
Првиот ден помина во песна, смеа и радост во објект Сончоглед. И за сето ова да изгледа онака како што доликува на нашата предучилишна установа, голем придонес во организацијата и пречекот дадоа:
-
Воспитувач Елена Гоговска
-
Воспитувач Габриела Стојановска, чија воспитна група пречекот го збогати со учество на децата облечени во традиционална македонска носија со македонско оро
-
Воспитувач Клементина Петрушевска, од чија воспитна група го цртаа и боеа македонското знаме, кое потоа го подарија на гостите
-
Како и В.Д.Директор Славица Брајковска која се погрижи македонската трпеза да биде богата со нашата традиционална храна.
Откако завршивме со активностите во објект Сончоглед, гостите на покана на Здружението на граѓани „НЕЗАПИРЛИВИ", кои тој ден организираа несекојдневен културно-едукативен настан во рамки на проект кој го реализираат во соработка и со поддршка на Одделението за култура при општина Кисела Вода, присуствуваа на културно - едукативни работилници во Културниот Дом „Билјана Беличанец". На настанот беа присутни: единствениот Игор Џамбазов, неповторливиот музички продуцент Давор Јордановски, како и идолите на младата популација - музичката група ДВА БОНА.