Галерија

Јазично пореметување кај децата

Кога способностите на детето да го разбере говорот или само да зборува се значително под очекуваното ниво за неговата ментална возраст се работи за доцнење во развојот на говорот.

Доцнењето може да биде и во говорењето од различен степен –од неразбирање на простите говорни налози до неспособност за разбирање на сложени граматички структури. Реагирањето на звучни дразби  е соодветно, невербалната комуникација е зачувана , но често постојат здружени пореметувања во емоционалниот развој дружењето со децата и однесувањето. Со огледот на тоа дека разбирањето на говорот оди неколку месеци пред способноста за говор,кога е во прашање пореметување тогаш доцнењето е многу поголемо.

Децата најчесто имаат:

  • ограничен речник,
  • незрели реченички структурни  грешки во синтаксата, -тешкотии во прераскажувањето и во изговарањето гласови.

 Во говорно јазичниот развој способноста за говор не може да оди пред способноста за разбирање на говорот и општиот развој  што мора да се има предвид при настојувањето говорниот развој да се забрза.Познато е дека во развојот на говорот постојат големи индивидуални разлики.

Така на пример детето може првиот збор да го  изговори на 9 месеци , но и на две години, а подоцна да достигне нормален говорно-јазичен развој. Доцнењето во развојот на говорот може да биде индивидуална развојна карактеристика но и пореметување. Апсолутно разликување на овие два вида доцнење не е можно.

Доцнењето во развојот на говорот како индивидуална развојна карактеристика ги има следните обележја

  • доцнењето не е значајно
  • задржан е нормалниот развоен ред
  • не постојат други пореметувања
  • во семејството може да постојат членови кои имале сличен говорен развој
  • слухот е нормален

Доцнењето во развојот на говорот како говорно пореметување ги има  следните карактеристики:

  • доцнењето е од поголем степен
  • пореметен е развојниот ред
  • постојат и други здружени пореметувања
  • во семејството може да постојат лица со говорни пореметувања
  • детето има некоја болест која може да го загрози говорно-јазичниот развој

Затоа би требало да ги разликуваме примарните говорни пореметувања од развојните говорни  пореметување  и стекнатите говорно-јазични пореметување во детството. Развојните говорни пореметување  пореметуваат оштетување во квалитетот ритамот и изговорот на гласовите и можат да бидат поврзани со структуралните абнормалности како што се расцеп на непце или со неуромускулните пореметувања како што е церебрална парализа.

Кај децата со стекнати говорно-јазични пореметувања карактеристично е почеток на пречките после период на нормалниот јазичен развој и подразбира стекната афазија во детството.

Диференцијалната дијагноза   на примарното развојно пореметување не може да му се препише на општиот когнитивен дефицит, на оштетување на слухот или на неповолните средински услови. Неуроразвојните пореметувања на јазикот се состојат од различни примарни развојни јазични пореметувања.

  • пореметување на гласот-дисфонија
  • нарушување на флуентноста – дисритмиа
  • моторно-јазични пореметувања дизартриа
  • говорно-јазични пореметувања предизвикани од когнитивно оштетување
  • од оштетување на слухот
  • од неповолни средински фактори
  • примарно развојно јазично пореметување во детството

Комбинирано со две или повеке категории

Неуроразвојните пореметувања на јазикот можат да се класифицираат во подгрупи на специфични и первазивни развојни пореметувања

  • специфични
  1. развојни фонолошки пореметувања
  2. развојна апраксија на говорот
  3. специфични развојни пореметувања на јазикот(развојна афазија)

Первазивни

  1. инфантилен аутизам

Развојната апраксија или диспраксија на  говорот се карактеризираат со дефицит во програмирањето на положбата и секвенци на волевите говорни движења што не припаѓа на мускулната област- росенбек и верц 1972.Децата со развојна апраксија на говорот или развојните фонолошки пореметувања имаат оштетен експресивен јазичен развој додека рецептивниот јазик е релативно нормален.Специфичните развојните јазични пореметувања развојна афазија кај децата се карактеризираат со различни степени на рецептивни и експресивни оштетување на говорниот јазик.

Јазичните пореметувања кај децата се класифицираат во зависност од времето на нивното настанување на

  • развојни јазични пореметувања
  • стекнати јазични пореметувања

Развојните пореметувања се оние кои настанале пред почетокот на развојот на јазикот(од раѓање до првата година) иако симтомите се откриваат подоцна.

Стекнатите јазични пореметувања кај децата почнуваат после појавата на јазикот од 3-12 година. Децата со развојни јазични пореметувања покажуваат тешкотии во разбирањето изразувањето и употреба на јазикот во различен степен во некои или во сите области на фонологијата, семантиката синтаксата и прагматиката.

jazicno poremetuvanje

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес342
Вчера382
Оваа недела2444
Овој месец7421

Моментално посетители

3
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња