Галерија

Јагоди и цреши

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ОВОШЈЕ, ЗЕЛЕНЧУК, ЗДРАВА ХРАНА

ДАТА: 22.06.2020

РЕАЛИЗАТОР: Николина Вељаноска


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Физичко здравје и моторен развој


НАСЛОВ НА ТЕМА: Плодови во овоштарникот (јагоди и цреши)


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра, серија слики.

* Потребни материјали:

  • слики
  • текст

Јагоди и цреши

Едни од омилените овошја на децата се  јагодите и црешите.

Јагодата се конзумира свежа или пак како компот, слатко, сок или сладолед. Плодот е црвен и расте на земја. Се бере со рака.

Црешата се конзумира свежа,но и како компот, слатко или сок. Црешата расте на дрво (височина 30-32 метри). Таа има топчеста форма и има темноцрвена, розеникава или жолта боја и има коска во неа. Плодот е месаст и има сладок вкус.

01
02

Мал како глушец
Црвена како крв
Вкусен како мед.
(Цреша)


2. Практична креативна активност.

Јагода – ликовна игра

Потрбни материјали:

  • црвена и зелена хартија
  • ножици
  • лепак
  • црн фломастер
  • тапа
  • бел лист
  • темперни
03
04

3. Стихотворба

Цреши - стихотворба

Цреши гранки ни се смеат,
како шербет слатки зреат.
Кој ќе касне - едно реди,
ќе порасне две-три педи.
Па ќе биде здрав и силен
распеан низ светот ширен.

Кадифени палта носат,
детски желби в срца росат.
Со црвени фустанчиња,
смеа шират низ гранчиња.
Ветерот ги гушка, вее,
заспивајќи в сон им пее.

Дождецот што среќа носи,
врат им мие, нежни коси.
Од црешите слатки, гранки,
си наполнив детски дланки.
Па до дома од нив медни,
не остана ниту една.


ЦЕЛИ:

  • Да се поттикне да држи ножички со едната рака и да сече по зададена линија.
  • Да научи детето што е тоа печат и со што се може да се печати (тапа, овошје и зеленчук, сунѓер).

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес101
Вчера335
Оваа недела999
Овој месец6331

Моментално посетители

4
Онлајн

2024-03-28

Политика за колачиња