Галерија

Итра кума Лиса

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА : ШУМСКИ ЖИВОТНИ

ДАТА: 22.04.2020

РЕАЛИЗАТОР: ОРХИДЕЈА ЃОРЃИЕВСКА


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: ПРИСТАП КOН УЧЕЊЕ


СТАНДАРД: Детето може да научи нови работи и да стекне нови искуства


НАСЛОВ НА ТЕМА: ИТРА КУМА ЛИСА


АКТИВНОСТ

1. Говорна игра/ разговор

* Потребни материјали:

  • слики
  • илустрации
  • детска литература

🙂 Карактеристики на црвената лисица

Кога некој ќе спомне лисица , вообичаено се будат две асоцијации – итроштина и слика на црвена лисица. Но , лисицата е многу добро животно токму спротивно од улогата која што се прикажува во приказните. Многу луѓе знаат колку е мудра. Тие се дружељубиви животни и како такви им приоѓаат на други животни, дури и на оние што во одредени околности би можеле да бидат нивниот непријател. Постојат бројни случаи на лисици кои се дружат и со кучиња и со мачки, честопати лисицата е таа што пристапува прва на друго животно.

01
02

🙂 Да ја опишеме црвената лисица

Лисицата е род од 27 животни од семејство на кучиња ( Canidae ). Висока е 40 – 50 цм, а должина и е 110цм. Крзното од горната страна најчесто и е со црвена боја, а од долната страна е со бела боја. Долните делови од нозете и се црни. Секогаш бојата на црвената лисица варира во зависност од подрачјето кое го населуваат. Очите на лисицата и се со златна – жолта боја и имаат карактеристични вертикално издолжени зеници слично како на мачката. Имаат одличен вид, многу се вешти, брзи, прецизни во фаќање на својот плен.

🙂 Со што се хранат лисиците?

Се хранат претежно со разни глодари, глувци, зајаци, инсекти, риби, но и со сите видови на други мали животни, билки. Покрај тоа честа ловина им се јајца од гнезда на птици кои се гнездат на земја како кокошки, еребици, фазани и др. Ретко уловуваат младо срнче, а уште поретко прасе од дива свиња. Тие знаат да влезат во некој кокошарник и да украдат по некоја кокошка. Јадат зрели бобинки, разно овошје. Ако улови повеќе храна отколку што може да изеде, вишокот на храна го закопува и го јаде подоцна.

🙂 Факти за лисицата

* Лисицата ја сретнуваме како тема во книжевноста ( басни, приказни и стихотворби ), песни и во цртани филмови;

* Човекот ја лови лисицата заради убавото крзно што го користи за изработка на бунди, околувратник, шубара, боно и ракавици;

* Според многу направени истражувања се вели, луѓето дека лисиците ги чувале како домашни миленици пред кучињата.

🙂 Приказна за Лисицата и штркот

https://www.youtube.com/watch?v=YGypJ6tYpHw


2. Практична креативна активност

* Потребни материјали:

  • картон
  • ножици
  • хартии во боја
  • лепило
  • дрвени бои
03
04
05

3. Музичка игра:

🙂 Настан на годината

https://www.youtube.com/watch?v=nYL0gdWRi44


ЦЕЛИ:

  • Да се збогатува речникот со зборови кои означуваат поопшти поими.
  • Да се развиваат способности за препознавање и класификација на животните според местото на живеење,родот и карактеристиките.
  • Да се развие способноста за правилно користење на ликовниот материјал.

ИНДИКАТОРИ/КOMПETEНЦИИ

  • Да се развива способноста за слушање со внимание, фонематски слух.
  • Детето покажува интерес и сака да знае повеќе за настаните и приказните што се однесуваат за непознати нешта.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес411
Вчера382
Оваа недела2513
Овој месец7490

Моментално посетители

2
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња