ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Растенија и инсекти
ДАТА: 27.08.2020
РЕАЛИЗАТОР: Орхидеја Ѓорѓиевска
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Развој на јазик, описменување и комуникација
НАСЛОВ НА ТЕМА: Инсекти во тревата
Потребен материјал:
- апликации;
- детска енциклопедија;
- инсектариум
1. Дали знаете деца што се тоа инсекти?
Каде сте ги виделе ?
Дали препознавате некои од овие инсекти?
Да раскажеме неколку збора за овие инсекти што ги препознавме ?
А ,сега да се запознаеме малку повеќе со карактеристиките на инсектите
Инсектите се група на членконоги кои имаат триделно тело ( глава, торакс и абдомен ) , три пара на членести екстремитети, сложени очи и две антени.
Тие се едни од најразнообразни групи на животни на планетава со преку милион опишани видови и сочинуваат повеќе од половина од сите познати живи суштества. Бројот на рецетни видови се проценува на шест и десет милиони, претставуваат над 90 % од различни животински форми на земјата. Инсектите можат да се најдат во речиси сите животински средини, иако само мал број на видовите се среќаваат во океанот т. е членконоги, група - раковите.
Животните циклуси на инсектите се различни , но повеќето се изведуваат од јајца. Инсектите се со големина од 6 – 25 мм.
Има инсекти што навистина се корисни за почвата, за растенијата , но има инсекти што прават штети на растенијата ( зеленчукот и овошјето ), го уништуваат тревникот. Такви инсекти се компирова златица, коњоштип, мравките , гасеница.
2. Активности
1. Поврзи ги со линија инсектот со сенката на истиот инсект !
2. Поврзи ги со линија истите видови на инсекти !
3. Практични активности
1. Мемориски картички
Потребен материјал:
- ножици
- исти слики на инсекти
- лепак
- хартија во боја
2. Пчела
- ножици
- хартии во жолта и црна боја
- хартиена чинија
- лепак
3. Инсекти
- лист од блок
- темперни бои
4. Инсектариум
Со помош на возрасен изработи инсектариум!
5. Видео линкови
Златно славејче 2013 - „Пчелка“ Хорот „Златно Славејче“
https://www.youtube.com/watch?v=wJC-Q80THfQ
Мравката и гулабот- сликовница
https://www.youtube.com/watch?v=3ULpGMtrrts
Звук на штурец
https://www.youtube.com/watch?v=AuX_n_4yxD4
6. стихотворба
Пеперутки
Пеперутки разлетани
со крилцата шарени
дар се на природата
од сонцето се галени
Насекаде пеперутки
низ пролетта летаат
додека низ ливадите
цвеќињата цветаат
ЦЕЛИ:
- Да се оспособува за раскажување сопствено искуство или доживување
- Да се развиваат способности за јасно рецитирање на стихотворба со промена на интонација на гласот