Галерија

Инсекти

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ЗАШТИТА ВО ЛЕТНИТЕ ДЕНОВИ

ДАТА: 09.07.2020

РЕАЛИЗАТОР: ЕМИЛИЈА НИКОЛОВА


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Когнитивен развој и стекнување на општи знаења


НАСЛОВ НА ТЕМА: Заштита од инсекти


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра, разговор  Потребни материјали:

  • слики
  • енциклопедии
  • детски списанија

image002

image003

image004

Во светот постојат околу еден милион видови инсекти, вклучувајќи ги мувите, пеперугите, пчелите, штурците, мравките и бумбарите. Инсектите се мали без`рбетници, чии тела имаат цврста надворешна обвивка. Тие имаат шест нозе, и сетила, наречени антени. Многу од нив имаат и крилја.

Видео запис:

https://youtu.be/KVK7wil_7Qo


2. Приказна:

Досадниот комарец

Една топла јулска вечер малата Радмила ги гледаше ѕвездите кои силно светеа на небото.

-Еве ја и мојата месечина – извика Радмила

Прозорецот беше отворен а нејзината мајка дојде да и посака добра ноќ и да ја бакне. Но таа тивко и шепна на увото. Радмила, ќе ти влезе комарец и може да ти нанесе убод – да те касне. Го затвори мајка и прозорот ја гушна и` посака добра ноќ и ја угаси сијалицата. Радмила не можеше одма да заспие и си мислеше за ѕвездите што светеа ноќе. Тишината во собата ја прекина зуењето на некој гостин – невидлив. Зуешe: з,з,з,з па се губеше звукот. Леташе над главата кај ушите и го снемуваше. Радмила ја запали сијалицата, го бараше комарецот го повикуваше, а тој не се јавуваше. Повторно ја угаси струјата и оп, оп, комарецот се појави со зуење и почна да напаѓа. Радмила се бранеше со чаршафот го бркаше и тој упорен и досаден успеа да ја боцне Радмила на десната рака. Раката почна да ја чеша, да ја пецка, а мајка и се појави на вратата и ги забележа солзичките што се тркалаа од очињата на Радмила. Таа рече: - “ Мамо види што ми направи комарецот на раката ! “

Ах тој досаден комарец, другпат нема да влезе ќе ставиме комарници на прозорите. Мајка и ја намачка со маст против убод на инсекти и двете задоволни заспаа.

https://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/kako-da-gi-prepoznaete-najchestite-ubodi-od-insekti/

https://pluspharma.mk/2018/06/28/prva-pomosh-pri-ubodi-od-insekti/


3. Практична креативна активност

*Потребни материјали:

  • листови во боја
  • ножици
  • лепак
  • дрвени боици

https://images.app.goo.gl/y3iEwxkrzs6vpnGZ7

https://images.app.goo.gl/rxeyDcd4xZD2BohQ6


 

 Цели :

  • Да се стекнат основни сознанија за инсектите и начинот на нивното опстојување
  • Да се стекнат основни сознанија како да се заштитиме од убодите од разните инсекти

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес298
Вчера382
Оваа недела2400
Овој месец7377

Моментално посетители

6
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња