ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ЛЕТНИ ИГРИ И РАДОСТИ
ДАТА: 28.07.2020
РЕАЛИЗАТОР: КАТЕРИНА МИТЕВСКА
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Социоемоционален развој
НАСЛОВ НА ТЕМА: ИГРИ СО ВОДА
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра/ Разговор
Лето е! Времето е топло! А кога е топло сите сакаме да се освежиме и разладиме. Доволно е само малку да ја употребиме нашата фантазија и креативност и да го исполниме нашето време со интересни игри и доживувања.
Лесно е за оние кои се покрај море, езеро или река. Но и во дворот во куќата на село или планина можеме да создадеме вистински летни водени лудории.
Ајде заедно со мама и тато, дада и бато да играме и да се забавуваме со игри со вода!
Игрите со вода се забавни! Игрите со вода поттикнуваат пријатни чувства и придонесуваат да го насочиме вниманието! Доживувањата од игрите со вода нудат единствени искуства!
Игра 1 😊
Префрлуваме балони со вода во парови со пешкир.
Игра 2 😊
Префрлуваме балони со вода во парови со пешкир преку растегнато јаже на дадена висина.
Игра 3 😊
На исцртано поле со кругови и поени погодуваме со балончиња со вода.
Игра 4 😊
На јаже врзуваме балончиња со вода и играме водена пињата.
Игра 5 😊
Поставете обрачи на далечина и направете натпревар во погодување на обрачите преку фрлање на балончиња со вода.
Играта може да се игра и така што на вертикална површина ( ограда ) ќе се закачат пластични чинии со запишани поени кои треба да се погодат со водени балончиња.
2. Практична креативна активност ТУРИ - ПРЕТУРИ
* Потребни материјали:
- голем сад со вода
- садови за претурање на вода
3. Практична креативна активност БРОДЧИЊА
* Потребни материјали:
- сунѓерче во боја
- дрвено стапче
- хартија во боја
- сад со вода
4. Музичка игра
Музичка нумера ,,Кајче,, – Златно славејче 1987 г.
https://www.youtube.com/watch?v=9L9behAK5kc
ЦЕЛИ:
- Поттикнување на пријатни чувства и емоции.
- Стекнување самодоверба и свесност за сопствените можности и способности.
- Поттикнување на натпреварувачки дух и истрајност.