Галерија

Игри со песок

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Летни игри и радости

ДАТА: 15.07.2020

РЕАЛИЗАТОР: Елена Гоговска


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Когнитивен развој и стекнување на општи знаења


НАСЛОВ НА ТЕМА: Игри со песок


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра, серија слики.

Потребни материјали:

  • текст
  • слики, илустрации.

Сигурно сте забележале колку сакаат малите деца да копаат земја, или да играат со песок во дворот. Игрите со песок се навистина забавни за децата, но во исто време им помагаат да научат и многу нови работи. Децата ги учат математичките и научните концепти преку игрите со песок. На пример, кога малите деца претураат песок од еден во друг сад, тие учат да проценуваат, стекнуваат чувство за волумен, учат за материјали од природата, за броење, па дури и едноставни концепти во физиката. Кога играат со песок, добро е да ги охрабруваме да зборуваат за тоа што го прават: „Дали мислиш дека песокот станува поразличен кога му дотураш вода?“ или „Како го направи мек песокот за да можеш да правиш разни фигури?“.

1

Играта со песок им помага на децата да се опуштат. Истражувањата покажуваат дека кога малите деца се фрустрирани, лути или се досадуваат, тие често во градинките избираат да играат во катчето со песок. Вие можете и дома да ги охрабрувате малите деца да играат со песок. Направете песочна кутија во некое катче во дворот или на тераса. Во песочната кутија ставете неколку пластични чашки со различна големина.

2

Зошто е добро и здраво да се игра во песок? Ова се само некои од причините:

* Ја проширува фантазијата

Со играњето во песок, детската фантазија и креативност достигнуваат највисоко ниво. Дали ќе пишуваат или цртаат на песокот, или пак, ќе градат замоци и ќе копаат канали и тунели? За што и да се одлучи детето, ќе вложи одредена доза на планирање и движење. Играчките кои притоа ги користи само го надополнуваат целото доживување и поттикнуваат на понатамошна креативност и разработка на играта.

* Помага во изразувањето емоции

Песокот е позната метода за терапија за децата со моторно нарушување, децата со одреден вид на потешкотии или пак, оние кои доживеале некоја траума. Со оглед на тоа дека играта со песок нема ограничувања, туку релаксира и делува смирувачко, па и поттикнува на исфрлање на негативните емоции, одлична е и за децата кои немаат никакви проблеми.

Со помош на таквите игри, децата имаат можност невербално да се изразат, да се смират и опуштат.

* Добро влијае на физичкиот развој

Детето може да игра во песок на различни начини. Носејќи кофи со песок, превртувајќи ги, напорот кој го вложува за да го префрли товарот од една во друга кофичка или со лопатка да ги наполни – сето тоа е многу добро за развојот на грубата моторика.

Освен тоа, детето ги развива и мускулите, а напорот кој го вложува за земање на поситни предмети, влијае на развојот на фината моторика. Се подобрува и координацијата на движењата, како и рамнотежата, бидејќи како што знаеме, песокот не е исто што и тврдата површина.

* Се унапредува социјалната интеракција

Да се игра во песок значи да се игра на отворено, што е одлична можност за детето да запознае други деца. Песокот е одлична играчка бидејќи го има во големи количини. Ако добро се постават темелите на играта, децата воглавно заедно ќе соработуваат во изградбата, ќе го развиваат говорот, ќе се дружат, ќе планираат, а воедно и ќе се забавуваат.

Детето од ваквата игра ќе научи уште корисни работи, како на пример, да дели играчки, да се менува, да го чека својот ред за да добие некои од предметите и што е најдобро, сето тоа ќе го учи во пракса и преку игра, а не од книги.

* Развива концентрација и внимание

Децата денес потешко се концентрираат, а помалку работи може да им го задржат вниманието на подолго време. За тоа, главна причина, како што се верува, се разновидните гаџети кои ги имаат во рацете и кои им го одвлекуваат вниманието од сите други активности.

Песокот нуди смирување, опуштање, како и различни можности за креативно играње. Играњето на песок позитивно влијае и на децата на кои ништо не им е претерано интересно. Во песокот наоѓаат начин да се релаксираат, а играта постојано нуди нови можности, па не им е здодевно и одбивно. Играјќи и планирајќи ја градбата на тунелите, мостовите и слично, ја подобруваат својата концентрација и внимание.

* Влијае позитивно на когнитивниот развој

Песокот е непрегледна плоча по која детето може да пишува букви, да црта форми, бројки…на тој начин учи, совладува нови вештини и решава проблеми, што влијае позитивно на неговиот когнитивен развој. На многу деца им е одбивно да пишуваат на хартија, не сакаат да земат молив или пенкало в раце, ниту правилно го држат, лесно се обесхрабрени, но пишувањето по песок е сосема друга приказна, бидејќи го доживуваат како игра и затоа радо се препуштаат на тој начин на играње.

* Гради имунитет

Научниците тврдат дека децата кои почесто играат надвор, на трева или во песок, често се поотпорни и поздрави од оние кои растат дома во контролирана и секогаш чиста средина. Малку нечистотија е добра за градењето на имунитетот, кој вашето дете ќе го направи поотпорно на било која болест.

34


2. Креативна, ликовна активност.

Цртање со песок

* Потребни материјали:

  • песок
  • лепак
  • хартии во боја
  • лажичка
  • фломастери

https://www.youtube.com/watch?v=Ku-OGfeev7I

5

6


3. Практична активност.

Игри со песок

https://mrsplemonskindergarten.com/2017/08/10-ways-to-play-with-sand-sensory-summer.html

7


 

ЦЕЛИ:

  • Развивање на самостојноста, вниманието и истрајноста кај децата.
  • Збогатување на искуството како основа за стекнување нови знаења, вештини, навики и умеења.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес292
Вчера382
Оваа недела2394
Овој месец7371

Моментално посетители

3
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња