Галерија

Игри со камчиња

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Летни игри и радости

ДАТА: 14.07.2020

РЕАЛИЗАТОР: Елена Гоговска


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Социоемоционален развој


НАСЛОВ НА ТЕМА: Игри со камчиња


АКТИВНОСТ:

1. Разговор, серија слики.

Потребни материјали:

  • текст
  • илистрации.

Топлите денови конечно се пред нас, а тоа значи повеќе време поминато во двор или некаде на отворено. Многу студии покажале дека неструктурираното време на играње на отворено е од корист за менталниот и физичкиот развој кај децата. Тие треба да имаат минимум 60 минути активност на отворено на ден. Секогаш кога ќе им е здодевно, излезете надвор и поттикнете ја имагинацијата на вашето дете. Слободната игра нуди можност децата да пробаат нови ситуации кои можеби постоеле само во нивните главчиња. Во природната средина има толку многу можности за да се создадат магични светови и сценарија. Учењето заедно со другите деца за сопствените физички и ментални ограничувања може да биде важна социјална вештина. Слободното време за игра го развива тој филтер кој е потребен за стабилна комуникација додека растат и созреваат во возрасни личности.

Една од таквите игри се и игрите со камчиња, кои се многу интересни за децата.

1
2

2. Практична креативна активност.

Потребни материјали:

  • камчиња
  • фломастери
  • темперни бои и слично.

ПОТТИКНУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ДЕЦА ДА ПОМИНУВААТ ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ ВО ПРИРОДНА СРЕДИНА.

3
4

Од камчињата можете да изработувате секакви креативни активности на одредени теми.

На пример: овошје, зеленчук, да играте х/0, да учите за емоциите, да учите за бројките, да учите за инсектите,  да цртате на камчињата и да изработувате најразлични предмети.

https://www.redtedart.com/rock-crafts-for-kids/

5
6

3. Ликовна игра

Цртање на камчиња/видео на тема: Лето.

https://www.youtube.com/watch?v=hY9r-oMOG-A

7

ЦЕЛИ:

  • Негување и развивање на социјалната интелигенција.
  • Поддржување и негување на позитивните емоции.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес266
Вчера382
Оваа недела2368
Овој месец7345

Моментално посетители

4
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња