ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Летни игри и радости
ДАТА: 13.07.2020
РЕАЛИЗАТОР: Елена Гоговска
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Физичко здравје и моторен развој
НАСЛОВ НА ТЕМА: Игри со балони
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра, серија слики.
* Потребни материјали:
- слики, илустрации
- текст.
Има ли некој на светов што не сака балони? Дури и возрасните ги сакаат, а децата најмногу.
Балоните будат насмевки и радост на лицето кај децата, со нив можат да се измислуваат многу игри и активности, се со цел децата да бидат физички активни и полни со позитивна енергија.
Балоните имаат форма на топка и можат да бидат во различни бои: жолти, виолетови, зелени, сини, црвени, бели, розеви и слично.
Балоните можат да бидат надувани со воздух или пак со хелиум. Доколку ги надуваме со воздух можеме да си играме со нив, но тие сепак на крај од играта ќе паднат на земја. Доколку се полни со хелиум, балонот не може да ја допре земјата, ќе лебди и доколку го пуштиме балонот може да ни летне горе на небото.
2. Физичка игра, игри со балони.
* Потребни материјали:
- балони
- кутија
- корпа за играчки.
Линк за забавни и интересни активности и игри со балони.
https://playtivities.com/balloon-games/
3. Музичка игра.
Штом си среќен.
https://www.youtube.com/watch?v=XTBW_uC_p4A
ЦЕЛИ:
- Развивање на фината моторика и манупулативните вештини (контрола на дланките и прстите).
- Негување на физичкото и менталното здравје на детето.