Галерија

Игра со сенки

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА:  ЛЕТНИ ИГРИ И РАДОСТИ

ДАТА:  17.07.2020

РЕАЛИЗАТОР: КЛЕМЕНТИНА ПЕТРУШЕВСКА


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Когнитивен развој и стекнување на нови знаења


НАСЛОВ НА ТЕМА: ИГРА СО СЕНКИ


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра/ разговор.

Се има своја сенка до него што си стои кога светлината го осветлува. Тоа е оној темен одраз на подот или површината кој секогаш го отсликува она што е осветлено.

Штом одреден извор на светлина како сонцето или друг извор на светлина ( елекрична светилка ) го осветлува предметот или човекот, животното, растението, на местото каде се сопрени зраците од светлината образуваат сенка.

Кога ќе ја попречиме светлината секогаш се појавува сенка.

1

 

Децата сакаат да си играат и истражуваат со сопствената сенка.
Можете  да изведувате најразлични движења и да создавате смешни и интересни сенки.

2

 

Можете да ги исцртате сенките на подот и да забележите дека во во различни позиции на светлината (сонцето) сенки изгледаат различно.

3

 

Инересно!!! Во анимираниот филм Петар Пан ја изгубил својата сенка и се обидува да ја пронајде но таа  му бега и се крие. Тој ќе успее да ја фати и повторно ќе ја залепи за своите чевли.

4
5

2. Практична креативна активност

* Потребни материјали:

  • Сет диви и домаашни животни играчки
  • Бели листови
  • Боички и молив

Постапка:

  1. Поставете ги животните на подот каде има светлина од сонце
  2. Поставете го белиот лист каде што паѓа сенката
  3. Исцртајте со молив и обојте

6

7

8
9

Идеа + Истражете и проверете кој од животните има нај голема а кој најмала сенка!

Направете изложба од цртежите со сенки!

Играјте: Погоди ја сенката на животното!


3. Пронајди и поврзи! Која сенка му припаѓа на кое животно!

10


ЦЕЛИ:

  • Детето стекнува нови сознанија и го збогатува своето сознајно искуство.
  • Детето се насочува и ја развива својата моќ на перцепција при воочување и споредување.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес283
Вчера382
Оваа недела2385
Овој месец7362

Моментално посетители

5
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња