Тема на неделата: Живеалишта на миленичињата
Дата: 10.04.2020
РЕАЛИЗАТОР: Анета Апостолска
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Развој на јазикот, комуникација и описменување
СТАНДАРД: Детето може да слуша и разбира говорен јазик
НАСЛОВ НА ТЕМА: И миленичињата имаат свои домови
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра/ разговор
* Потребни материјали:
- слики
- илустрации и
- детска литература.
🙂 Кучето што се видело во реката - традиционални басни
🙂 Некое куче со коска во устата дошло до една река. Кога си го видело одразот во водата, помислило дека таму има друго куче со поголема коска од неговата. Од завист решило да му ја земе коската. Но, кога ја отворило устата и ја нурнало главата во реката, коската му паднала во водата.
2. Практична креативна активност:
* Потребни материјали:
- хартија во боја
- ножички
- дрвени стапчиња
- лепак
🙂 Изработка на куќички за домашни миленичиња.
3. Музичка игра:
🙂 Аквариумска песна
Рипките се вкусни,
в тенџере и в тава.
Од такви изјави
Ме заболе глава.
Видиш ли аквариум,
ќе зинеш ко крап,
зар рипките самовили
се за лап-лап?!
Рипката не е рипка
ако не тера мода,
в река, в аквариум...
во згода од вода.
Во домот сиот вода,
таа убавина од бои,
на рипките типки
најубаво им стои.
Што ќе се носи
ова лето-есен?
Аквариум шарен,
по малку тесен.
Во него огномет
од радост и бои,
пливајте си ведро
мили рипки мои.
ЦЕЛИ:
- Да се поттикне активно слушање и разбирање на говорот од страна на возрасен.
- Да се поттикне иницијативност, креативност, трпеливост при реализација на активностите.
ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:
- Детето соодветно реагира на изговорените зборови од страна на возрасен
- Детето успешно работи со ножици и ги користи палецот и показалецот при работа со материјали од хартија.
- Децата можат да ја слушаат песничката, да ја пеат и да се движат со движења со целото тело.