ТЕМА:
„ГЕСТИКУЛИРАМЕ, ИГРАМЕ И ПОВРЗУВАМЕ“
Се изнаоѓаат сликички со најразлични предмети. Доколку не сте во можност да најдете сликички, може да ги нацртате заедно со детето и да ги исечете во вид на картички. Најдобро е доколку сте во можност овие картички да ги пластифицирате и ви останат за понатамошно играње и нивно дополнување. Пример за оваа вежба/игра со вашето дете:
„Се избираат неколку предмети, најмногу 7, а најмалку 3. Предметите нека бидат: ЈАБОЛКО, КРУША, ФИЛЏАН. Кога ќе му се покаже на детето ЈАБОЛКО, тоа треба да плесне со рацете; кога ќе му се покаже ФИЛЏАН детето треба да имитира пиење кафе или чај; кога ќе му се покаже КРУША детето треба да клекне...После тоа се бараат асоцијации за избраните поими. За ЈАБОЛКО – ЦРВ, за КРУША – ШЕЈК, за ФИЛЏАН ЧАЈ – МЕД, за ФИЛЏАН КАФЕ - ГЕЗВЕ“.
Најдоброто нешто што оваа игра Ви го пружа Вам родители и на вашето дете е што никогаш не може да заврши. Во вашата најблиска околина има непресушен извор на нови поими и нивни асоцијации. Вам ви овозможува да бидете креативни, да бидете во постојан мисловен процес без притоа да се заморите. А вашето дете, па тоа верувајте ќе ужива во секој миг поминат со Вас и несвесно ќе научи, не само нови поими и ќе ја разбере нивната искористеност, туку ќе научи како да ги поврзува поимите, ќе учи по пат на асоцијации, а со тоа ќе го вешба функционалното мислење, како и конвергентното и дивергентното знаење.
РОДИТЕЛИ, измислувајте ваши примери и праќајте ни ги за да видиме дали сте на вистинскиот пат во совладување на Никола Тесла системот на учење за развивање на надареноста кај децата!
Цел: Учење невербална комуникација; вежбање меморија; збогатување на речникот, асоцијативно поврзување!