ТЕМА НА НЕДЕЛАТА : ЛЕТНИ РАДОСТИ
ДАТА : 23.07.2020
РЕАЛИЗАТОР : АЛЕКСАНДРА СИМЈАНОСКА
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ : Развој на јазик, описменување и комуникација.
НАСЛОВ НА ТЕМА : СТИХОВИ, ГАТАНКИ ЗА ЛЕТО
АКТИВНОСТ :
1. Говорна игра / гатанки...стихови за лето
*Потребни материјали :
- слики
- илустрации
- детска литература, детско списание ,,Росица,,
–Летооо еее! - Токму така дечиња. Најтоплото годишно време е со нас. Секој од нас за одмор се подготвува и планира кога на одмор ке поаѓа, а некој можеби и веќе е на плажа и ужива. Ајде заедно да се потсетиме и да погодуваме преку гатанки кои се промените и богатството што ни го нуди летото.
Лицето му е златно, насмевката му е врела, ги милува сите деца од планетата цела. Што е тоа?
ТОА Е ... (СОНЦЕ)
Без мене не можат цвеќињата, без мене не можат ни полињата ако не ги посетам на време секој почнува да дреме, а дојдам ли, погледнете и вие, секој бега од мене и се крие. Што е тоа?
ТОА Е ...(ДОЖД)
Како сребро блеска низ зелена трева, во езеро, море, најчесто се слева. Што е тоа?
ТОА Е ... (РЕКА)
Слатка е меденица штом е сочна, зрела, а добро разладена би ја изел
ТОА Е ... (ЛУБЕНИЦА)
Напролет е зелена в есен жолта, црвена, во вода се дави, а од неа ајвар и пинџур се прави. Што е тоа?
ТОА Е ... (ПИПЕРКА)
Зеленчук сум многу здрав, со колецот растам прав, плодот ми е црвен, зрел, за салати служам, со сите се дружам. Ај, касни ме дете, зини, имам многу витамини. Што е тоа?
ТОА Е ... (ДОМАТ)
Браво дечиња! Ајде сега да научиме неколку стихови за летото и заедно да ги пофториме.
ЛЕТОТО НЕ ВИКА
Во своите прегратки
летото не вика,
на сонце, на плажа –
најубава слика.
Сакам да се сончам
ама и да пливам,
во природа одам
и така си уживам.
Ќе играме сите
низ ливади цветни,
крај езера, реки
во денови летни.
2. Ликовно - креативна активност / кофичка
*Потребни материјали
- бел лист од блок бр.3
- дрвени боички-фломастери
3. Математичка игра
- Доцртај ги елементите во множествата според дадениот број
ЦЕЛИ:
- Детето го збогатува својот речник и правилен говор, учествува во говорна игра-гатанка и точно погодува.
- Да се развива фината моторика (контрола на дланките и прстите).
- Детето ја поврзува (надополнува) количината со симболот (цифрата) на бројот.