Детската градинка „Весели Цветови" - Скопjе – добитник на признанието „eTwinning градинка за 2026/2027 година!
Со особена гордост и задоволство ја споделуваме веста дека ЈДГ „Весели Цветови" доби значајно признание од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – „eTwinning градинка за 2026/2027 година".
По континуирана посветена работа, реализација на бројни креативни и едукативни проекти и активен ангажман на вработените, на 13.11.2026 година, тимот задолжен за координација и спроведување на проектните активности ја подигна заслужената награда.
Упатуваме искрена благодарност до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за препознавањето и вреднувањето на нашиот труд, посветеност, иницијативност и активното учество во eTwinning проектите, кои се реализираат со заеднички ангажман на вработените, децата и родителите.
Покрај редовното реализирање на воспитно-образовната програма, учеството во вакви проекти отвора нови можности за креативно и искуствено учење, размена на знаења и идеи, развивање на детските потенцијали и поттикнување на љубопитноста, соработката и позитивниот развој на детската личност.
Ова признание е потврда дека посветеноста, тимската работа и вложувањето во квалитетно предучилишно воспитание и образование носат вредни резултати.
Продолжуваме со ист ентузијазам, нови идеи и уште многу успешни приказни за доброто на нашите деца!

