Галерија

еТвининг – Промоција на дигитални вештини и европска соработка

Воспитувач м-р Габриела Стојановска вработена во нашата градинка ЈДГ ,,Весели Цветови "-Скопје при општина Кисела Вода во град Скопје, објект ,,Сончоглед" на ден 30.10.2025 година  направи дисеминација на обуката одржана на  интернационалниот семинар,, Основни вештини во предучилишните установи со помош на еТвининг проекти" - (Basic skills in preschool with eTwinning projects) одржана во Рига, Латвија. 

Во објект ,,Сончоглед" беше спроведена дисеминација пред в.д. директор на градинката Славица Брајковска, како и пред дел од стручниот и воспитниот тим на градинката за користење на ESEP платформата, како и запознавање со можностите што ги нуди eTwinning  програмата и чекорите до учество во  eTwinning проекти. 

Присутните се запознаа со начинот на користење на платформите, целите и придобивките од нивната примена во предучилишното воспитание, како и со можностите за европска соработка и размена на искуства.

Оваа активност претставува чекор кон унапредување на дигиталните компетенции и поттикнување на меѓународна соработка и вмрежување.

Во рамки на дисеминацијата беа презентирани слики и игри од самата обука и од градинките во Рига, Латвија. 

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес230
Вчера455
Оваа недела3341
Овој месец7944

Моментално посетители

1
Онлајн

2025-11-16

Политика за колачиња