Галерија

ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА КАЈ ДЕЦАТА

ТЕМА:

„ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА КАЈ ДЕЦАТА – КАКО ДА ЈА РАЗВИВАМЕ“

  • 10 начини за развој на EQ кај децата:

Да се има висок степен на интелигенција е добро,но да се има висока емоционална интелигенција е уште подобро. Со развивање на EQ детето станува среќно, продуктивно, одговорно суштество. Последицата е однесување кое му овозможува   добро да се чувствува и да се развива во семејството, училиштето и разните други средини. Еве ги 10-те основни начини за развивање на EQ кај децата:

  1. Децата ве гледаат постојано. Го усвојуваат вашиот начин на однесување, емотивните реакции внатре во семејството и спрема другите луѓе;
  2. Децата кои секогаш го добиваат сето она што го сакаат обично не се многу среќни;
  3. Обидете се да се оддалечите од „жолтите минути“. Важно е да откриете што вас ве прави лути и бесни. Обично под неконтролираното однесување се крие страв од нешто;
  4. Вежбајте да не давате постојано критика. Ако детето плаче, подобро е да се забележи дека е тажно, отколку да му се рече да престане. Потиснувањето на чувствството доведува истото да биде уште посилно;
  5. Почнете да вежбате одредени работи и активности. Наместо реченицата – земи ја капата, ракавиците, ранчето...поставете прашање – Што ти е потребно за да се подготвиш за во градинка? Со континуирани прашања на детето му помагате да ја развива самодовербата, самостојноста и одговорноста;
  6. Секогаш бидете волни да поминете заедно со детето низ неговиот проблем. Важно е во текот на решавање на проблемот да се задржи смиреноста, но и упорноста од него да се пронајде излез;
  7. Подгответе ги децата за секојдневните обврски во домот. Истражуваата укажуваат дека децата кои се вклучени во обврските на домаќинството од раното детство често постигнуваат успех и задоволство. Зошто? Затоа што децата имаат потреба од припадност и чувство дека се вредни суштества;
  8. Ограничете им го на децата пристапот до масовните медиуми. Децата имаат потреба од игра во која ќе си играат со конкретни материјали, ќе истражуваат, ќе ја развиваат својата креативност, ќе ја задоволуваат љубопитноста;
  9. Разговарајте за чувствата во семејството. Поставете повеќе емотивни цели во семејството. Тоа на пример значи: Не сакаме да викаме, етикетираме, да се уважуваме меѓусебно итн. Разговарајќи за тоа како да го постигнете ова, се повеќе сте поблиску до остварување на целите;
  10. Гледајте ги децата како прекрасни суштества. Ако го гледате своето дете како вредно и способно, тоа секако ќе се одрази на него во насока да самото себе си се гледа како такво човечко суштество. Ако го гледате како проблем, за жал тој став ќе резултира со мноштво проблеми во тоа како децата се доживуваат самите себе си, што често за последица има неадекватно однесување.

 

ЦЕЛ: Утврдување на важноста на емоционалната интелигенција; градење на истата кај детето; јакнење на самодовербата кај детето.

emo inteligencija deca

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес388
Вчера382
Оваа недела2490
Овој месец7467

Моментално посетители

2
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња