Почитувани родители и драги наши соработници.
Изминатиов период во нашата предучилишна установа се реализираат бројни Е-твиниг проекти, преку кои се вмрежуваме со партнери од државите членки на Европската унија. Едне од тие проекти е „Nature from language of mytology“, преку кој децата имаат можност да се запознаат боговите од грчката митологија, но на еден многу креативен, имагинативен и иновативен начин. Кај децата се разви фантазија и тоа можеше да се види само од нивните насмеани лица, желбата за уште нови сознанија и нивната концентрација и внимание, кои ВЕРУВАЈТЕ, да можеше воспитно-образовната активност да трае три дена и три ноќи, тие тоа ќе го слушаа, работеа и ќе се изразуваа на било кој детски начин, без да се почувствува замор и здодевност.
Проектот се реализира во објект „Ѓурѓица“, со воспитна група 4 – 5 години, заедно со воспитувач Елена Гоговска, неговател Зорица Денковска и социјален работник Весна Блажевска.
Се изработија одлични приказни за Зевс, Посејдон, Хера, Атена..., се направија креативни изработки, се влегуваше во улога на различен бог, се научија многу нови поими со што децата го збогатија вокабуларот, се изработија и многу други нешта во кои децата уживаа. Научивме дека омилено животно на Зевс е орелот, а омилено растение дабот; на Хера омилено овошје е калинката, а омилено животно паунот итн.Научивме и дека громот о молњата се браќа, од кои едниот се гледа, а не се слуша, а другиот се слуша а не се гледа.
Проектот завршува во месец март 2023 година, кога крајните евалуации ќе се прават со 7 партнерски градинки од различни држави!