ТЕМА:
„ДРВО НА МОЈОТ ДОМ“
Почитувани родители и најсакани деца,
Нема да ви кажувам во каква животна ситуација се наоѓаме, но можам да Ви кажам дека секое време поминато во домот не може да се измери со ниту една мерна единица или да му се даде некаква вредност. Времето поминато во домот со членовите на семејството само по себе е ВРЕДНОСТ!
Активноста што ви ја давам како предлог за практикување во насока на пораката „СЕДИ ДОМА“, ќе ја започнам со една мудра мисла од непознат автор:
„Единствено од здравје и знаење никогаш не е доста“!
Активностите што може да ги направите Вие родители со вашите деца на темата „ДРВО НА МОЈОТ ДОМ“ се едноставни и за истите се потребни следните материјали:
- Поголем лист хартија или картон од кутија
- Молив или пенкало
- Дрвени боици во 5 различни бои
Чекори кои им следат на активностите се:
- На поголем лист хартија или картон од кутија (нешто што го имате во домот) нацртајте дрво.
- Откако ќе го нацртате „Дрвото на вашиот дом“, разговарате со вашите деца за просторот во кој живеете.
- Следуваат низа прашања чии одговори треба да се запишат на Дрвото, при што за секое прашање одговорот се пишува со соодветна боичка
- „ДРВОТО НА МОЈОТ ДОМ“ е вежба која може да се практикува континуирано, не е еднократна и пожелно е дрвото да се надополнува и се чува.
Прашањата на кои Вие родители заедно со децата треба да дадете одговор се:
- Што е она што секој член на семејството знае најдобро да го прави дома? – предлог сина боичка
- Кој простор од домот најмногу го сакам? – предлог црвена боичка
- Што е она што мама го прави подобро од тато? – предлог зелена боичка
- Што е она што тато го прави подобро од мама? – предлог жолта боичка
- Кои игри можеме да ги играме сите заедно, а се прилагодени на нашиот дом? – предлог портокалова боичка
ЦЕЛ: Подобро меѓусебе да се запознаете; да согледате како Вашето дете гледа на Вас и Вашиот заеднички дом; ја градите трпеливоста; го збогатувате вокабуларот кај детето!
Епа драги родители и најмили дечиња едноставно ЗАБАВУВАЈТЕ СЕ!