ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: БОИТЕ НА ЛЕТОТО
ДАТА: 10.08.2020 г.
РЕАЛИЗАТОР: ИВАНКА ПЕТРОВ
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Физичко здравје и моторен развој
НАСЛОВ НА ТЕМА: ДОЛГО, ТОПЛО ЛЕТО
АКТИВНОСТИ:
1. Говорна игра/разговор/стихотворба
* Потребни материјали:
- текст
- илустрации
- стихотворба
Летото е најтоплото годишно време. Почнува на 21 јуни и трае до 22 септември. Денот кога почнува летото е најдолгиот ден во годината, а ноќта е најкратка.
Годишно време создадено за забава, игра, детски џагор, плажа, сладолед, лубеница... Секое лето дворовите на нашите градинки се исполнети со детска игра, смеа и детски песни. Ова лето не е како другите лета, но сепак има своја убавина.
Почитувани родители, разговарајте со вашите деца за летото. Прашајте ги што претставува летото за нив.
Еве неколку примери што би можеле да ги прашате, пред да ја научите стихотворбата што следи:
- Дали е летото вашето омилено годишно време?
- Кои се боите на летото?
- Омилено овошје во лето?
- Омилена летна игра?
- Летна облека?
ДОЛГО, ТОПЛО ЛЕТО
Долго топло лето,
со сончевина облеано сето.
Децата надвор ги кани,
сите во паркот се збрани.
Сонцето милно ги гали,
обравчиња им жари.
Зар не ти е убаво и тебе, кажи,
кога во лето шеташ по песочни плажи?
Или кога летуваш некаде во планина?
Можеш ли да ја опишеш таа убавина?
И не треба ништо да те буни,
летото секогаш почнува во јуни.
Затоа, ајде вака да направиме:
Со песна и игра летото да го поздравиме!
Додека ни` е гостин, додека трае,
секој од нас, каде и да е:
Да биде весел, да игра, да се смее,
исто како Сонцето во лето што не` грее!
2. Практична креативна активност/музичка игра
* Потребни материјали:
- бел картон
- картон во боја
- стапчиња
- лепак
Едрилица
https://www.pinterest.com/pin/437764026279820996/
Лето
https://www.youtube.com/watch?v=xMUqiLvTDHs
ЦЕЛИ:
- Развивање и јакнење на ситната мускулатура на шаката
- Оспособување за усогласување на сопствените движења со музиката