Есента пристигна во мојот крај
со плодови зрели и со жолт сјај.
Есенски ветрови почнуваат да свират
птиците во гранките вешто се кријат.
Добредојде златна есен, ликовна, креативна активност. Група 2-3 години, објект Кокиче.
Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.
По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев".
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.