Галерија

Детската Недела во ‘Весели Цветови’ во знак на детските права

На ден 09.10.2025 година во ЈДГ „Весели Цветови" - на општина Кисела Вода во Град Скопје, во организација на стручен работник - социјален работник Весна Блажевска, вработените во објект Сончоглед и В.Д.Директор Славица Брајковска, се одбележа Детската Недела со еден прекрасен настан. Во објектот Сончоглед, во присуство на децата кои се згрижени во истиот, на наше огромно задоволство и чест, присуствуваа претставници од Канцеларијата на Омбдусманот, каде г-ѓа, м-р Васка Бајрамовска Мустафа на многу креативен начин на децата од предучилишна возраст им ги објасни нивните права. Атмосферата изнуди безброј насмевки, а среќата на сите не можеше да не се забележи. Воедно, на овој настан присуствуваа и група родители, кои воедно можеа да слушнат и да се информираат на кој начин може секој од нас да придонесе за заштита и унапредување на ПРАВАТА НА СЕКОЕ ДЕТЕ!

20251013 16590420251013 223754

 

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес3
Вчера532
Оваа недела897
Овој месец6611

Моментално посетители

1
Онлајн

2025-10-15

Политика за колачиња