Галерија

Детето и театарот

На ден 20.05.2019 во ЈДГ Весели Цветови - објект Синоличка беше реализирана презентација на проект ,, Детето и театарот,, во реализација на воспитувач Јулијана Димитриевска воспитувач во група 5-6 години. Презентацијата беше реализирана пред директорот на установата, стручниот тим и активот на воспитувачи. Беше истакнато дека за реализација на сите активности од големо значење била соработката со родителите на децата кои се јавуваат како активни учесници во целиот проект како и негувателот од воспитната група Борјанка Мицевска и воспитниот тим од објектот Синоличка.

Со овој проект се врши едукација на деца од предучилишна возраст.

 Глобална цел на проектот е стекнување и проширување на детските сознанија за театарот, разни видови на театар и работни професии во театарот. Поттикнување на желба за следење, разбирање и доживување на разни театарски дела од најмали нозе како желба и мотив детето активно да учествува во него (секој во своја улога).

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес30
Вчера429
Оваа недела2561
Овој месец7538

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-11-24

Политика за колачиња