ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Растенија и инсекти
ДАТА: 25.08.2020 год.
РЕАЛИЗАТОР: Арсоска Светлана
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ:Социоемоционален развој на детето
НАСЛОВ НА ТЕМА: Делови на дрвото
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра
Дрвата се важен дел од природните предели бидејќи спречуваат одрон на земјиштето. Дрвата
имаат важна улога во производство на кислород, ја намалуваат содржината на јаглен диоксид во атмосферата.
Дрва и овошки луѓето садат и во своите овоштарници но дрва се садат и во дворовите поради естетски причини (бор, ела, смрека)
Дрвото ги има следните делови :
- корен
- стебло
- листови
Дрвјата можат да бидат листопадни и зимзелени.
- Корените главно се под земја и служат за впивање вода и хранливи материи од почвата.
- Стеблото ги спојува коренот и листовите и ги извишува гранките со лисја, со што дрвото се натпреварува со околните растенија.
- Листот е орган за дишење, испарување и одделување капки вода.Лисјата можат да задржат вода и хранливи материи.
Листопадни дрва се оние кои ги губат листовите на есен или зима.
Зимзелените дрва пак ги чуваат нивните иглести листови и преку зимата.
Потребни материјали :
- Слики
- Илустрации
- Текст
2. Практична ликовна креативна активност
Изработете од компир печат во облик на лист и потоа набојте го со темпера растворена во соодветна боја.Печатот се копира на лист од блок. Постапката е убаво објаснета во следните примери.
-Потребни материјали:
- лист од блок
- компир
- четка за боење
- темпера растворена во боја
3. Музичка активност:
https://www.youtube.com/watch?v=IDXZBECTmoc
ЦЕЛИ:
- Детето да се поддржува во збогатување на социјалното искуство
- Детето да ја согледува ползата од сопствената и заедничката работа