Галерија

Цвеќиња и билки

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: РАСТЕНИЈА И ИНСЕКТИ

ДАТА: 26.08.2020

РЕАЛИЗАТОР: Јулија Смиљановска


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: ПРИСТАП КОН УЧЕЊЕ


НАСЛОВ НА ТЕМА: ЦВЕКИЊА И БИЛКИ


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра, разговор.

* Потребни материјали: слики, илустрации, детска литература..

ПРИКАЗНА ЗА ЦВЕКИЊАТА ВО БУКЕТ

Кон крајот на летото, сите цвеќиња во градината сакаа да дознаат кое од нив е најубаво.

Розовите рози рекоа,

„Најубави сме бидејќи први расцутуваме во пролет.“

Белите маргаритки рекоа,

„Ах, не, ние сме најубави затоа што имаме многу убави цветови кои траат цело лето.“

Големите жолти хризантеми рекоа:

„Не бидете смотани, па ние сме најубави, бидејќи само ние последни расцутуваме во есен.“

Сите цвеќиња се караа кое е поубаво. Но, кога дојдоа луѓе во градината за да ги видат, тие запреа.

Сите цвеќиња беа тивки, и изгледаа толку гордо, што луѓето помислија дека се најубавите цвеќиња.

Еден ден во градината дојде градинарот. Розовите рози толку ги раширија своите ливчиња, што изгледаа најубаво. Белите маргаритки стоеја толку исправено, што и тие изгледаа најубаво. Жолтите хризантеми блескаа на сонцето, и тие изгледаа најубаво.

Но, градинарот само се насмеа и рече, „Видете колку се убави сите мои цвеќиња!“
Градинарот зема една кошничка и почна да става рози во неа. Розите мислеа дека се најубави бидејќи нив први ги набра. Но, маргаритите им се смееја на розите, „Ха ха ха! Бидејќи не сте толку убави, затоа не ве оставија во градината.“

Потоа, градинарот стави неколку маргаритки во кошничката, а хризантемите почнаа да се смеат, „Ви реков! Ние сме најубави бидејќи ние сме единствените цвеќиња што останаа во градината.“ На крај, градинарот се врати во куќата, почна да ги става сите убави цвеќиња во една вазна. Прво ги стави розите, потсетувајќи се како тие први расцутуваат на пролет.

Потоа ги стави жолтите маргаритки во вазната, и помисли колку е убаво кога поминуваше и ги гледаше во градината секој ден. На крај, ги стави и хризантемите во вазната; Беше многу радосен што конечно ги виде и есенските цвеќиња. Чекаше цело лето за да ги види. Градинарот ја стави вазната на маса и рече, „Го имам најубавиот букет на цвеќиња. Само по себе секое цвеќе е најубаво, но заедно, изгледаат прекрасно!“ Во тој момент, цвеќињата сфатија дека само кога се едно до друго тие се најубави. Но, тоа го разбраа кога градинарот направи букет од нив, тогаш сфатија дека се прекрасни. На крај, сите цвеќиња беа среќни.

Ете дечиња, тоа беше приказната за цвекињата. Се согласувате ли дека сите цвекиња се убави?

Постојат многу видови на цвеќиња и секое плени со својата убавина. Во нивниот опоен мирис и разни бои уживаат и возрасните и децата.

Дали постои личност која не го сака цвеќето? Тоа е украс на нашиот дом, нашите градини и тераси.

1. Може да кажеме дека има цвекиња кои се одгледуваат во домашни услови

01

2. И таканаречени ,,полски,, цвекиња кои растат во поле, ливада или на планина.

02

Цвекиња се носат како подарок во разни пригоди и поводи.

03

04

Билки  се растенија или тревки кои се користат и ценат заради  нивните специфични особини и својства како мирис, вкус, арома и сл. Разликуваме повеќе видови на билки како на пример: зачински или кујнски, лековити билки или  ароматични билки.

Билките се користат свежи или исушени.

Од нив се подготвуваат чаеви, масла, креми, шампони и сл.

05

06

За нас, најпознати билки се: 

08

Кантарион


09

мајчина душичка


10

Босилек


11

Камилица


12

Лаванда


13

Глуварче


14

Коприва


15

Магдонос

- и уште многу, многу други..


2. Практична креативна активност

Анимиран филм  ,,СИЛАТА НА ЦВЕКИЊАТА,,

https://www.youtube.com/watch?v=1teoFsMu8yY&feature=youtu.be

Музичка активност:

Детска песна  ,,КОКИЧИЊА,, *ПОТОЧИЊА -2006

https://www.youtube.com/watch?v=2JESsKGjeA0&feature=youtu.be

Детска песна  ,,ПРОЛЕТНИ ЦВЕКИЊА,,*ПОТОЧИЊА - 2017

https://www.youtube.com/watch?v=z-y8wBd00_k&feature=youtu.be

Детска песна  ,,НЕ ЛУТИ СЕ КОКИЧЕ,, *ПОТОЧИЊА -2018

https://www.youtube.com/watch?v=vwleM7cQtj0&feature=youtu.be

Подготвуваме масло од лековити билки.

* Потребни материјали:

-стаклен сад со капак,

-лековити билки (кантарион, невен, лаванда...)

-масло (маслиново, сончогледово...)

16 17

Наједноставниот начин на приготвување на растително масло во домашни услови е следниов:

-Наберете свежи, здрави и чисти лековити билки.

-Ставете ги лековитите билки во тегла.

-Прелијте ги со лековито масло од некое стабилно масло – маслиново или сончогледово масло, промешајте и оставете го да стои.

-Теглата треба да ја чувате на топло место или директно изложена на сонце 3 -4 недели.

-Смесата во теглата треба да се промешува одвреме навреме.

-После потребното време, растителното масло процедете го преку газа и ставете го во чисто стаклено шише. Чувајте го на ладно и темно место за да не дојде до промена на неговите својства.

Подготовка на ,,Масло од Невен,,

https://pin.it/77DhTPY

Подготовка на  ,,Масло од Лаванда,,

https://www.pinterest.com/pin/545920786081944719/

Ликовна активност:

Изработка на цветови од копчиња:

18


Изработка на цвет од стапчиња за чистење на уши и пластелин:

19


Печатиње цветови со картонче од тоалетна хартија:

20


Цвет од гравчиња:

21


Цвет од каменчиња

22


Цвет од хартиена чинија:

23


Цвет од макарони:

24


ЦЕЛИ:

-Да се поддржува на свој начин да ги пренесе своите решенија, мислења, искуства, заклучоци... ;

-Да се поттикнува кон разни видови креативност;

-Да се поддржува кон користење на играчките, предметите за друга намена, различна од онаа за која тие се создадени.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес244
Вчера382
Оваа недела2346
Овој месец7323

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња