Галерија

Буба Мара

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Птици и инсекти


ДАТА: 08.05.2020


РЕАЛИЗАТОР: Зорица Гунов


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Когнитивен развој и стекнување на општи знаења


СТАНДАРД

1.  Детето може да се движи координирано и со цел

2. Детето може да ги опишува карактеристиките на живиот свет


НАСЛОВ НА ТЕМА:  Буба Мара


АКТИВНОСТ:

1. Првиот лет на Буба Мара – леткаме како Буба Мара – подвижна игра

bubamara


2. Говорна игра/ разговор по разгледување на слики и видео материјал

* Потребни материјали:

  • слики
  • илустрации
  • Видео снимка
  • Текст

Разгледуваме слики од Буба Мара како и видео материјал во кој е прикажан изгледот и летот на Буба Мара.

Ја раскажуваме приказната „ Лара, златната Буба Мара“ и усвојуваме поими за брзо и бавно, високо и ниско летање на Буба Мара. Правиме споредба на Лара, златната Буба Мара, која има златно- жолти крилца и нејзините другарки кои имаат црвени крилца. На крај извлекуваме заклучок дека секој треба да биде задоволен со својот изглед, затоа што секој е убав и вреди на свој начин.


3. Практична креативна активност: Изработка на Буба Мара

* Потребни материјали:

  • Празни ролни од тоалетна хартија
  • Црна, црвена  и жолта темпера
  • Четки
  • Лепак

 Еве предлози за сами со помош на родителите да направат своја Буба Мара

https://www.youtube.com/watch?v=MLRwRf5dULs


4. Музичка игра:

-Ја слушаме песничката: Летај, летај Буба Маро“

https://www.youtube.com/watch?v=DVEqjmBVbWc&feature=youtu.be


ЦЕЛИ:

  • Запознавање со изгледот, начинот на движење и летање на Буба Мара
  • Да се поттикне активно слушање и разбирање на говорот од страна на возрасен.
  • Развивање на љубов кон детските песнички и поттик да ги научат и да ги пеат
  • Да се поттикне иницијативност, креативност, трпеливост при реализација на активностите.
  • Негување на љубов кон природата и грижа за  инсектите
  • Развивање на целокупната мускулатура на телото при подвижни игри

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето ја користи целокупната мускулатура при подвижните игри
  • Детето набљудува и препознава и опишува Буба Мара меѓу другите инсекти

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес395
Вчера382
Оваа недела2497
Овој месец7474

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња