ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ЗАШТИТА ВО ЛЕТНИТЕ ДЕНОВИ
ДАТА: 08.07.2020
РЕАЛИЗАТОР: Орхидеја Ѓорѓиевска
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Пристап кон учење
НАСЛОВ НА ТЕМА: ПИЕМЕ ЧИСТА И СВЕЖА ВОДА
БЕЗ ВОДА НЕМА ЖИВОТ
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра
текст
Вода
Вода ( хемиска формула: H2O ) — супстанца чии молекули се составени од два атоми на водород и еден атом на кислород, а истата е важна за сите познати форми на живот.
Во најчеста употреба, водата се јавува во течна агрегатна состојба, но таа има и цврста состојбa ( мраз ) и гасна агрегатна состојба ( водни испарувања или пареа ). Водата покрива 71 % од површината на планетата Земја.
Водата може да раствори различни материи, што и дава различни вкусови и мириси. Луѓето и другите животни имаат развиено сетила, кои повеќе или помалку им овозможуваат да проценат дали водата е погодна за пиење, па според тоа избегнуваат вода која е пресолена или гнила. Луѓето, исто така, претпочитаат ладна вода наместо млака, бидејќи ладната вода содржи помалку микроби. Вкусот на изворската вода или минерална вода зависи од минералите кои се растворени во неа. Чистата вода ( H 2 O) е без вкус и мирис . Чистотата на изворската и минералната вода зависи од неприсутноста на токсини, загадувачи и микроби.
Водата погодна за човекова употреба се нарекува вода за пиење или вода погодна за пиење. Водата, која не е за пиење може да се направи погодна за пиење со филтрација или дестилација ( да се загрее додека не испари и после пареата да се собере без нечистотиите кои ги остава ) или на други начини ( хемиска или топлинска преработка која ги убива бактериите). Понекогаш, изразот „ безбедна вода “ важи за водата погодна за пиење од понизок квалитет ( на пр. успешно се користи за исхрана кај луѓе кои имаат слаб пристап до процеси за прочистување на вода и прави повеќе добро отколку штета ). Водата, која не е погодна за пиење, но не е штетна за луѓето кога се употребува за пливање или капење се нарекува со повеќе имиња, покрај вода погодна за пиење и понекогаш се нарекува „ безбедна вода “ или „ вода безбедна за капење“ .Хлорот, кој ги иритира кожата и мукозната мембрана, се користи да ја направи водата безбедна за капење или пиење. Неговата употреба е строго техничка и најчесто се контролира со владини прописи ( најчесто еден дел од милион од водата за пиење и 1 – 2 дела од милион хлор кој сè уште не реагирал со нечистотиите за вода за капење).
Загадување на водата
Знак за опасност -Водата не е за пиење
Загадувањето на водите опфаќа внес на различни загадувачи во реките, езерата и подземните води, но и во морињата и океаните. Тоа се случува при директен или индиректен внес на загадувачите во водата во отсуство на соодветни мерки за прочистување и исфрлање на штетни материи.
Во повеќето случаи, загадувањето на слатките води е невидливо бидејќи загадувачите се растворени во водата. Но постојат и исклучоци: пенестите детергенти, но и нафтените производи кои пливаат на површината и неисчистените водотеци ( речни корита, канали). Постојат неколку природни загадувачи. Соединенијата на алуминиум кои се наоѓаат во земјата достигнуваат во системот на слатки води како резултат на хемиски реакции. Поплавите ги впиваат од ливадските почви соединенијата на магнезиумот, кои нанесуваат големи штети на рибните популации. Но, количеството на природни загадувачки материи е ништожно во однос на материите создадени од страна на човекот. Секоја година во водните басени се внесуваат илјадници хемиски материи со непредвидливо дејство, од кои повеќето се нови хемиски соединенија (ксенобиотици). Во водата може да се откријат зголемени концентрации на токсични тешки метали ( како кадмиум, жива, олово, хром), пестициди, нитрати и фосфати, нафтени производи, површински - активни супстанци ( ПАС ). Како што е познато, секоја година во морињата и океаните се внесуваат до 12 милиони тони нафта. Одреден удел во зголемувањето на концентрациите на тешките метали во водата имаат и киселите дождови. Тие се способни да ги растворат минералите во почвата, што доведува до зголемување на содржината на јони од тешки метали во водата.
Патогени
Колиформните бактерии се чест бактериски индикатор на загадување на водата, иако тие не се самата причина за појавата на болести. Други микроорганизми кои понекогаш се наоѓаат во површинските води, а кои предизвикуваат проблеми со здравјето кај луѓето се:
Салмонела
Паразитски црви
·Novovirus и други вируси;
·Паразитски црви (хелминти).
Хемиски и останати загадувачи
Како загадувачи можат да се однесуваат органски и неоргански супстанци.
Органски загадувачи на водата се:
· Детергенти;
· Споредни продукти од дезинфекцијата, најдени во хемиски дезинфицираната вода за пиење, како на пример хлороформ;
· Отпад од процесите на производство на храна, кој може да е претставен со супстанци кои бараат кислород, масла и масти;
·Инсектицид и хербициди, разновидни органохалиди и други хемиски соединенија;
· Петролеумски јаглеводороди, меѓу кои горива (бензин, дизел гориво,погонски горива и мазут) и лубриканти (моторни масла), како и споредни продукти од согорувањето на горивата;
· Отпад од дрвјата и грмушките;
· Испарливи органски соединенија(VOCs, volatile organic compounds), како индустриски растворувачи;
·Хлороргански соединенија, кои се густи течности во неакватична фаза (DNAPLs, dense non-aqueous phase liquids), можат да се натрупаат на дното од резервоарите, бидејќи не се мешаат добро со водата и се погусти од неа:
·Различни хемиски соединенија кои се наоѓаат во производите за лична хигиена и козметика.
Неоргански загадувачи на водата и проблеми кои потекнуваат од нив:
·Ацидитет предизвикан од индустриските испусти ( особено сулфур диоксид од електричните централи);
· Амонијак од отпадот од преработката на храна;
· Хемиски отпад како индустриски спореден продукт;
· Вештачко ѓубре кое содржи нутриенти (нитрати и фосфати) кои се наоѓаат во дождовницата која минува низ земјоделски површини, како и од комерцијална и домашна употреба;
·Тешки метали од моторните возила ( кои доспеваат во дождовницата ) и испусти од киселите руди.
Стихотворба
Цвеќенце
Цвеќенце лично
од шарени бои
наведна глава
и накриво стои
Што му е ?
Праша Мариче вредно
водичка сака многу е жедно
Читајте внимателно, а потоа разговарајте со децата!
Зошто е важно да пиеме вода и што се случува со нашето тело?
Водата е основниот граден компонент на човековото тело. Средната количина на вода во возрасен организам е 65%, којашто одговара отприлика 45 литри вода за една личност којашто тежи 70 килограми.
Вкупната содржина на вода во човековото тело зависи од повеќе фактори. Таа е функција од големината на телото. Исто така количеството на вода зависи од староста: таа се намалува со годините, бидејќи штом ткивата стареат се повеќе тие дехидрираат, водата се заменува со масти.
Внатре во организмот водата не е рамномерно распределена. Нејзината концентрација зависи од орган до орган, од 1% во дентинот на забите до 99% во крвната плазма. Освен крвта, органи богати со вода се срцето и мозокот.
Телото на човекот не може да ја складира водата. Всушност, организмот го отстранува присуството на вода преку екскреции ( главно преку урината ), дишењето ( во моментот на издишувањето или експирацијата ) и пред се транспирацијата. Количеството на изгубена вода зависи од условите , функцијата и активностите: ако има покачување на температурата или зголемена физичка активност се повеќе се троши водата од организмот. Човекот треба секој ден да се снабдува со вода пиејќи и јадејќи продукти кои ја содржат. Дишењето носи исто така вода.
За да се одржи организмот во добро здравје, загубите на вода треба да бидат надоместени од внесувањето на вода. Жедта е механизам кој го предупредува организмот за состојбата на дехидрација и затоа не е добро да се чека да се добие тоа предупредување за да пиеме вода.
Глобалното количество на потребна вода за еден возрасен со средна височина, којшто живее во региони со покачена температура и којшто не прави некои посебни физички активности е отприлика 2,5 литри на ден од кои 1 литар е внесен преку исхраната и 1,5 литар преку пијалаците. Без внесување на вода од ниту еден извор тој не би живеел повеќе од 3 дена; ако пие без да јаде, тој може да живее отприлика 40 дена, под услов да не прави никакви физички напори.
Изработете ја вашата пирамида за здрава исхрана!
2. Практична креативна активност
* Потребни материјали:
*Цвеќе(собно или во двор)
Три дена да не се полива со вода на цвеќето и да се набљудува целокупниот процес. Дали листенцата од цвеќето пожолтеле? Листенцата се надолу овенати? Земјата каква е сува или влажна ?Ако продлжиме да не ставаме вода што би се случило со цвеќето?
Во наредните три дена да се полива цвеќето со вода и да го набљудуваме цвеќето. Какво е цвеќето поживо ли е ? Пуштило ли нови цветови или листови ? Земјата каква е ?
*Музичка игра
Златно Славејче 2015 - Kaп, Kaп – Мишел Матич
https://www.youtube.com/watch?v=uHmxZZOW-Kg
Запомнете го важниот датум!
Светски на ден на водата
Слушајте внимателно, а потоа разговарајте со децата !
Презентација на „Тажната мајка -нашата планета Земја“
https://www.youtube.com/watch?v=z3cF4oMyuOE&feature=youtu.be&fbclid=IwAR0l2SVeYpppnAstndzrryfJDVfFhoQEhvrFHkPDrd-klSzDhnvP8PfZFVQ
Игри за дома со вода:
За првата игра потребни материјали За втората игра потребен материјал
1.
- Два сада пластични
- Лажица
- Вода
2.
- Лего коцки
- Шише вода
ЦЕЛИ:
- Да се поттикнува самостојност кај детето при изведување на едноставни истражувачки активности
- Да се поттикнува интерес кон научниот пристап во проучувањето и осознавање на природата, растенијата, животните и човекот