Галерија

Басни

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ОМИЛЕНИ ПРИКАЗНИ, БАСНИ, СКАЗНИ И ПЕСНИ

ДАТА: 04.08.2020

РЕАЛИЗАТОР: КЛЕМЕНТИНА ПЕТРУШЕВСКА


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Социоемоционален развој


НАСЛОВ НА ТЕМА: БАСНИ


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра/ Разговор

БАСНИ

Басните се мали книжевни дела во кои главните јунаци се животните. Во басните на хумористичен начин се опишуваат карактерните особини на луѓето. Басните секогаш на крајот носат порака која не поучува и ги истакнува јасно позитивните и негативните особини кои треба да ги препознаеме и да се поучиме од нив. Во минатото басните се пееле и играле а дури подоцна почнале да се раскажуваат. Според содржината која се обработува во басните тие се израз на народната мудрост и еден вид народна етика, поттикната од секојдневниот живот.

01

02

Децата ги сакаат басните! Сакаат да ги слушаат, сакаат да ги раскажуваат, да ги драматизираат, да се идентификуваат со ликовите, да пеат со ликовите, да размислуваат за постапките и да носат заклучоци за правилните погрешните постапки.

Едни од најпознатите писатели на басни се Лафонтен и Езоп. Дел од најпознатите басни се ЖЕЛКАТА И ЗАЈАКОТ, ШТУРЕЦОТ И МРАВКИТЕ, ШТРКОТ И ЛИСИЦАТА, ГАВРАНОТ И ЛИСИЦАТА, ЛАВОТ И ГЛУШЕЦОТ, ЛИСИЦАТА И ГРОЗЈЕТО, ГЛУШЕЦОТ ОД СЕЛО И ГЛУШЕЦОТ ОД ГРАД итн.

😊 НАПРАВЕТЕ ПОСЕБНО КАТЧЕ ЗА ЧИТАЊЕ И ПОСТАВУВАЊЕ НА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА - сликовници

03

04

😊 ПРАКТИКУВАЈТЕ ТИВКО ВРЕМЕ ЗА ЧИТАЊЕ И РАСКАЖУВАЊЕ НА ПРИКАЗНИ И БАСНИ СО ДЕЦАТА!

0506


2.РАСКАЖУВАЊЕ СПОРЕД СЛИКИ

😊 БАСНА – ЖЕЛКАТА И ЗАЈАКОТ

07

08

09

10

11

12


3. НАТПРЕВАРУВАЧКА  ИГРА – ПРВ НА ЦЕЛТА

😊 ИЗРАБОТЕТЕ АПЛИКАЦИИ ОД ЖЕЛКА И ЗАЈАК, ОБЕЛЕЖЕТЕ ПАТЕКА СО ПОЛИЊА И ЗАВРТЕТЕ ЈА КОЦКАТА!

13


4. ЛИКОВНА ИГРА – Изработка на ликовите од басната; ЗАЈАКОТ И ЖЕЛКАТА

😊 НАПРАВЕТЕ ДРАМАТИЗАЦИЈА НА БАСНАТА!

😊 ОПИШЕТЕ ГИ ЛИКОВИТЕ СПОРЕД ИЗГЛЕДОТ И СПОРЕД НИВНИТЕ КАРАКТЕРНИ ОСОБИНИ!

😊 РАЗГОВАРАЈТЕ СО ДЕТЕТО ЗА ПОУКАТА ОД БАСНАТА!

14

15


ЦЕЛИ:

  • Поттикнување на пријатни чувства и емоции.
  • Поттикнување на љубов кон литературата за деца.
  • Збогатување на детскиот говор и правилен изговор.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес271
Вчера382
Оваа недела2373
Овој месец7350

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња