Тема на неделата: Шумски животни
Дата: 23.04.2020
Реализатор: Емилија Николова
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Когнитивен развој и стекнување општи знаења
СТАНДАРД: Детето демонстрира интерес за учество во разни форми на визуелна креативност
НАСЛОВ НА ТЕМА: Баба Меца
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра/разговор
* Потребни материјали:
- слики,
- илустрации
- детска енциклопедија.
🙂 Мечките се од семејството на цицачи кои се одликуваат со големото тело, моќни екстремитети, густо крзно и кратка опашка. Мечките живеат во Северна Америка, Јужна Америка, Европа и Азија, каде опстојуваат на различни живеалишта, како планини, шуми и арктичка дивина. Во текот на минатиот век, популациите од мечки се намалени поради нивниот интензивен лов и нарушување на нивната животна средина. Сите мечки, со исклучок на некои популации од мечки, живеат северно од екваторот. Мечките денес не можат да се најдат во Африка, Австралија или Антарктикот.
🙂 Сите мечки делат слична анатомија, но поедини видови варираат во големина, исхрана и вид на живеалиште. На пример, белите мечки живеат во смрзнатата арктичка дивина, каде се хранат главно со фоки, додека сончевите мечки живеат во азиските дождовни шуми и се хранат со инсекти, овошја, ореви и мали животинки. Со тежина од преку 800 кг, белите мечки можат да израснат 12 пати поголеми отколку нивните помали роднини, сончевите мечки, кои ретко надминуваат 66 кг.
2. Приказна/ Драматизација
🙂 Буре со мед
Мечката: Уф, уф, уф што е ова, буре со мед, од каде дошло овде сигурно некој го изгубил. Што убаво сега ќе си го изедам.
Зајак: A, а, а Мецо чекај да видам што е тоа буре со меееед!
Мечката: A Зајко јас си го најдов сам ќе си го изедам само да знаеш.
Зајко: A чекај Мецо така воопшто не е другарски.
Мечката: E како не е другарски јас си го најдов и јас ќе си го изедам ме разбираш.
Зајакот: Чекај малце ајде да те потсетам се сеќаваш кога јас најдов јаболко и што направив се сеќаваш.
Мечката: Е што направи?
Зајакот: Јаболкото го поделив на два дела еден за тебе еден за мене се сеќаваш.
Мечката: А да Зајко сега се присетив добро ајде да се договориме оди ти по мечињата а јас по зајчињата и така ќе си го поделиме.
Зајко: Во ред Мецо ајде ти тргнувај и јас ќе тргнам.
И така Зајко тргна и Меца тргна па после се врати и лизна од медот Зајко се свртел во исто време и рече а Мецо не е фер не се договоривме така.
Мечката: Добро Зајко ветувам дека нема повеќе и така после половина час се сретнаа мечката со мечињата и зајко со зајчињата и сите заедно го поделија медот и беа пресреќни.
Девојчето: Е деца ова е другарство кога едно дете ќе најде нешто треба да го подели со своите другарчиња.
3. Практична креативна активност:
🙂 Изработка на мече
* Потребни материјали:
- Листови во боја
- Фломастери
- Темперни
- Лепак
- Ножици
https://images.app.goo.gl/PbYkRSvzu1nFNJxY8
ЦЕЛИ:
- Да се развијат способности за самостојно, тандемско и колективно ликовно творење.
- Да се развие способноста за правилно користење на ликовниот материјал.
ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:
- Детето самостојно црта предмети кој му се познати и изработува разни облици.