ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: УЛИЦА - ВРВУЛИЦА
ДАТА: 18.05.2020 г.
РЕАЛИЗАТОР: ИВАНКА БОГОЕВ
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Физичко здравје и моторен развој
СТАНДАРД: Детето може да ги користи своите сетила (вид, слух, допир, мирис, вкус) за регулирање на движењето
ТЕМА НА ДЕНОТ: АВТОМОБИЛИ, АВТОБУСИ, КАМИОНИ.
АКТИВНОСТИ:
1. Говорна игра/разговор по слики/гатанки
* Потребни материјали:
- детска литература
- едукативна емисија
- слики
- илустрации
Патниот сообраќај се дели на:
- индивидуален (автомобили)
- јавен (автобуси)
- товарен (камиони)
*Автомобил е моторно возило за превоз на патници.
Кога се возиш во автомобил, секогаш врзувај го безбедносниот појас. Внимавај на патот и мирно реагирај на секоја ситуација. Не ги отворај прозорците непотребно. Биди добар совозач и не му пречи на возачот додека управува со возилото. Слушај ги советите од возачот и излегувај од автомобилот само кога тој ќе ти дозволи.
Кога ги отвораш вратите и излегуваш, прво провери дали има други учесници во сообраќајот околу автомобилот, па потоа излези од него.
*Автобус е моторно возило за превоз на седум и повеќе лица.
Јавниот превоз е за сите нас. Токму затоа, сите ние треба да се грижиме тој да остане функционален и да не го оштетуваме. Чекај го автобусот исклучиво на места кои се обележани за таа намена. Доколку го пропуштиш автобусот и вратите се затворат, почекај го наредниот автобус. Без туркање качи се во автобусот и најди го своето место. Не станувај за време на возењето бидејќи инерцијата те прави нестабилен. Кога ќе се приближиш до твојата станица, чекај автобусот да запре и тогаш стани. Без туркање симни се од автобусот. Никогаш не ја преминувај улицата со трчање пред или после автобусот. Почекај да помине автобусот, погледни внимателно и одбери вистинско време, но и вистинско место на кое безбедно ќе ја преминеш улицата.
Камион е товарно моторно возило. Во зависност од конструкцијата и намената, камионот може да биде:
- кипер ( камион со подвижна каросерија за истовар на стока)
- цистерна (камион со резервоар за пренесување на течност)
- шлепер (камион за влечење на една или повеќе приколки)
Погоди ги гатанките:
- „За голем товар створен сум јас,
бавен, но со силен глас.
Потежок од слон,
јас сум деца к _ _ _ _ н“.
- Во него човек до човек,
па мама ми вели често: - Место вода, бензин пие,
„Кога ќе видиш постар да стои, на тркала куќа ни’ е!
ти отстапи му место.“ (А _ _ _ _ _ _ _ л)
(А _ _ _ _ _ с)
Едукативна емисија „Сообраќаен буквар“
„Деца во возило“ https://youtu.be/dl2LFeiVGlg
„Деца во автобус“ https://youtu.be/bSQaRJDznHk
2. Практична/ликовна активност
*Потребни материјали:
- ножички
- ролни од тоалетна хартија
- темперни бои
- четки
- картон
- лепак
- украсна хартија, налепници по избор
Изработка на автомобилче
3. Музичко подвижна игра
„Сакам кола убава“ https://youtu.be/nPTizAKwmws
„Автобусот вози секој ден“ https://youtu.be/FFIDTGC4Nnk
„Супер камионче“ https://youtu.be/uy8LI9amEIg
ЦЕЛИ:
- Осознавање на видовите возила кои најчесто се движат во непосредната околина (нивниот изглед, големина, функција, брзина и сл.).
- Развивање на спретност во користењето на материјалите и алатот за работа (ножички, лепак, бои, четки и сл.).
ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:
- Детето изведува креативни конструкции од разновиден материјал.
- Детето рамислува гласно и зборува додека е ангажирано во одредена активност.