Галерија

АСОЦИЈАЦИЈАТА НА НАЈДОБРИ НАСТАВНИЦИ НА ЕКС ЈУ

Достојно преставување на градинка ЈДГ,, Весели Цветови,, - Општина Кисела Вода на петата регионална конференција на ,,АСОЦИЈАЦИЈАТА НА НАЈДОБРИ НАСТАВНИЦИ НА ЕКС ЈУ,,

На конференцијата тимот од градинката го претставуваше Директорката на градинката М-р Габриела Стојановска и Клементина Петрушевска воспитувач во градинката со долгогодишно работно искуство во професијата.

На образовниот саем градинката беше презентирана на изложбен штанд со рекламен материјал од градинката и општината, рачни изработки, мотивацоини пораки, како и изданија и фотографии од реализирани воспитно- образовни активности со децата од градинката.

На конференцијата тимот од градинката се здоби со благодарници за учество на образовниот саем, сертификати за несебична поддршка и афирмација на професијата во земјите на просторот на бивша Југославија, диплома за најоргинални мотивациони пораки како тим ,, МАКЕДОНИЈА МОТИВИРА,, и специјална награда со титула ,, НАЈДОБАР НАСТАВНИК ВО БИВША ЈУГОСЛАВИЈА,, доделена на Клементина Петрушевска, воспитувач во градинката за успешно реализирани активности, признанија и награди од областа на предучилишното воспитание и образование за деца од предучилишна возраст како и афирмација на професијата преку учество во проекти и настани за унапредување на раниот детски развој. Голема привилегија и чест е да се претставува својата татковина во регионот, а поддршката од соработниците и локалната самоуправа е од големо значење. Посветеноста и успехот е плод на меѓусебна поддршка, мотивација и соработка низ годините. Се радуваме заедно за секој успех!

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес65
Вчера205
Оваа недела270
Овој месец1235

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-05-07

Политика за колачиња