Галерија

Активности во денот

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: МАЛИ ИСТРАЖУВАЧИ

ДАТА: 19.08.2020

РЕАЛИЗАТОР: Валентина Божиновска


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Пристап кон учење


НАСЛОВ НА ТЕМА: АКТИВНОСТИ ВО ДЕНОТ


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра, разговор, серија слики, текст

* Потребни материјали:

  • серија слики
  • текст
  • разговор

1

Дневните активности имаат големо значење за растот ,развојот и здравјето на децата. Денот се состои од време за активности во мирување, за физичка активност  и за спиење.За најповолни ефекти на здравјето, предучилишните деца треба да се придржуваат до сите препораки за физичка активност, седење и спиење во текот на 24 часа.Освен овие активности децата постепено ги практикуваат и активностите за хигиена, облекување,исхрана и социјализација.Најважна од сите е играта…

2

Времето кое детето го поминува во мирна игра ,без физички активности е многу важно за когнитивниот, емоционалниот и психосоцијалниот развој. Интерактивните активности со родителите и возрасните лица можат да бидат читање, пеење, раскажување приказни, цртање, конструктивни игри, сложување сложувалки итн…


3

Дневните физички активности овозможуваат развој на коскениот систем, моториката, сензорите и растот воопшто на целиот организам (најмалку 180 мин.различни физички активности од лесни до умерении интезивни распоредени во текот на денот)


4

Должината и квалитетот на спиењето подеднакво се важни за здравјето на детето. Недоволниот сон е поврзан со  прекумерната тежина и дебелина во детството.(од10 до13часа квалитетен сон)


Светската здравствена организација  за децата до петата година препорачува време за физички активности,ограничено време пред екраните и време за спиење.

5Дневни рутини:

  • будење
  • тоалета
  • утрински физички активности
  • појадок
  • време за прошетка во природа
  • ужина
  • креативни игри
  • ручек
  • пладневен одмор
  • ужина
  • прошетка и игри
  • бањање
  • време за приказна пред спиење
  • спиење

2. Практична креативна активност

* Потребни материјали:

  • фотографии

Разгледувајте и откријте, што се извршува другарчето и по кој редослед!

6
  1. Се буди
  2. Оди во тоалет
  3. Се мие
  4. Се облекува
  5. Вежба
  6. Појадува
  7. Игра со коцки
  8. Се грижи за мачето

ЦЕЛИ:

  • Да се развива способност за селективно избирање активности од повеќето кои што му се нудат, согласно со личните интереси и начините на разбирање и прифаќање.
  • Да се поттикне кон развивање на сопствен стил на учење.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес240
Вчера382
Оваа недела2342
Овој месец7319

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња