Галерија

Активност на буквата на буквата

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Летни игри

ДАТА: 30.07.2020

РЕАЛИЗАТОР: м-р Габриела Стојановска


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ:  Развој на јазикот, комуникација и описменување.


СТАНДАРД: Детето може да препознае пишани симболи и букви.


НАСЛОВ НА ТЕМА:  На буквата, на буквата


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра

* Потребни материјали:

  • детска литература (списанија, сликовници)
  • постер со букви (готов или рачно изработен)

Во нашата македонска азбука има 31 буква. Буквите од азбуката секојдневно ги употребуваме во зборувањето, именувањето, пишувањето. Во светот постојат азбуки колку што постојат и јазици за говорење со одреден број на букви различни според јазикот за говорење кој што се употребува.  Децата можат да играат најразлични игри не само со македонската азбука и буквите од неа, туку и со било која друга азбука со нејзините букви и јазикот на кој што говорат децата.

Со буквите од азбуката можеме да составуваме најразлични зборови кои означуваат име, предмет, животно и разни нешта од секојневието (овошје, зеленчук...).

Говорната игра со букви ќе ја започнеме со поставување на детско списание (сликовница) и постер со букви и предмети, животни...што ја означуваат буквата(постерот може да биде печатен или рачно изработен со испишани букви и до нив нацртани предмети, животни, овошје, зеленчук...од детето, воспитувач, родител...). Возрасната личност (воспитувач, родител...) на детето ќе му изговори една буква која што ќе треба детето да ја пронајде на постерот да ја повтори, а потоа на сликовницата да пронајде некој предмет, животно...на таа буква. Играта се игра се додека постои интерес кај детето/децата.

1


2. Практична креативна активност:

Креативна активност пр.1:

* Потребни материјали:

  • хартии во боја (обична или светкава)
  • шаблон од букви од хартија
  • молив
  • ножички
  • цевка
  • лепак

На хартии во боја (обична или светкава) се става претходно направениот шаблон на букви (направен од возрасно лице воспитувач, родител...) и детето со молив ја прецртува буквата по неговите контури, потоа ја сече со ножици по контурите и истата ја лепи со лепак на цевка. Со изработените букви може да игра најразлични говорни игри(да составува имиња на деца, личности, предмети, животни...).

2


Креативна активност пр.2:

* Потребни материјали:

  • хартии во боја исечена на мали квадратчиња
  • боички
  • кутија
  • детски играчки

Возрасната личност (воспитувач, родител...) од хартија во боја прави(сече) квадратчиња на кои со боички во различни бои ги испишува буквите од азбуката. Детето така изработените квадратчиња со букви ги става во кутија. Детето од кутијата извлекува букви и ги поврзува буквите според играта „На буквата, на буквата“ со некоја детска играчка која започнува на буквата која што детето ја извлекло. Доколку нема играчка која започнува со буквата која што детето ја извлекло ја предолжува играта со влечење на друга буква.

Предлог: за да бидат изработените букви потрајни и да може детето повеќе пати да игра со нив се со цел да не се оштетат добро би било доколку сме во можност изработките да ги пластифицираме.

3


Креативна активност пр.3:

* Потребни материјали:

  • хартии во боја исечена на мали квадратчиња
  • боички
  • хартија А4 формат или пак хамер

 За оваа игра може да се искористат истите изработени квадратчиња од хартија во боја на кои се испишани букви во разни бои кои ги употребивме во претходната игра. На хартија А4 формат или пак на хамер детето може со помош на изработените квадратчиња со букви да составува имиња: своето, на своите другарчиња, на омилените ликови од цртаните...

4


3. Музичка игра:

Песничка „Азбуката наша“ од детски фестивал „Поточиња 2008“ 

https://youtu.be/mk7RalwoME4


ЦЕЛИ:

  • Да се воведува и запознава со основите на пишаниот јазик
  • Да се поттикне иницијативност, креативност, трпеливост при реализација на активностите.

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето поврзува глас со одредена буква.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес279
Вчера382
Оваа недела2381
Овој месец7358

Моментално посетители

5
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња