Галерија

8 Март - ЈАВНО ЗДРАВЈЕ СКОПЈЕ

По повод одбележување на празникот 8 –ми Март децата од градинката
ЈДГ ,, Весели Цветови,, - Објект Сончоглед , во соработка со родителите , децата и учителките од сите воспитни групи реализираа низа ликовни работилници за изработка на декорации, честитки и украси со пораки за благодарност за посветеността и грижата во служба на здравјето на луѓето во време на пандемија за сите вработени
во ЈЗУ – ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ – СКОПЈЕ.
На големо задоволство и чест пораката за благодарност и честитање вработените и раководството изразија почит и ја поздравија оваа благородна акција од страна на децата и градинката ЈДГ ,, Весели Цветови,, - Општина Кисела Вода и истакнаа желба за понатамошна успешна соработка и взаемно помагање.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес49
Вчера445
Оваа недела1388
Овој месец7761

Моментално посетители

1
Онлајн

2025-09-18

Политика за колачиња