По повод доаѓањето на пролетта и роденденот на нашата градинка, во објектот Синоличка се реализираше традиционалното разубавување на дворот со садење цвеќиња. Во оваа акција учествуваа децата од групата Бисерчиња 3-4 год. воспитувач Валентина Божиновска и негувател Усвита Панчевска и децата од групата Чекорчиња 4-5 год. воспитувач Фросина Канзурова и негувател Јулијана Стојменова.