Тема на неделата: Сонце, вода, воздух и почва
Дата: 01.04.2020
Реализатор: Клементина Петрушевска
АСПЕК НА РАЗВОЈ: ПРИСТАП КОН УЧЕЊЕ
СТАНДАРД: Детето може да ја користи својата креативност во секојдневните активности
НАСЛОВ НА ТЕМА: 1- ВИ АПРИЛ ДЕНОТ НА ШЕГАТА
АКТИВНОСТИ:
* Потребни материјали:
- слики
- илустрации
- детска литература
1. Говорна игра - разговор
-Секоја година на 1-ви Април се одбележува денот на шегата. Тој се одбележува во повеќе земји во светот а понекогаш го нарекуваат денот на сите шегаџии.
На 1-ви Април многумина се маскираат, прават шеги и најразлични итрини. Овој ден секако им е најомилен на децата кои со денови ја осмислуваат и креираат својата маска. Најчесто за своја маска децата ги избираат јунаците од цртаните филмови. Овие маски секако можат да ги купат во продавница но има и такви кои со помош на своите родители, баби и дедовци ќе ги изработат или сошијат дома.
И така на 1 – ви Април низ улиците на градот ќе ги сретнете Спајдрмен, Супермен, Принцезите од цртаните филмови, Пеперутки, самовили, пирати и многу други. И сите насмеани и весели заедно со своите другарчиња ќе го прослават и овој празник на шегата и маските. А ако ви кажат некоја шега или ви направат итрина, не лутете се! 1 –ви Април е!
-Која маска ти е најинтересна? - искази
2. Ликовна игра/ изработка на маска
*потребни материјали
- картон
- хартија во боја
- ножици
- лепило
- ластик
- фломастери
Линкови
https://www.youtube.com/watch?v=SfVsy3p_JJ0 - маска зајче
https://www.youtube.com/watch?v=kqvIuU458Z4 – маска тигар
https://www.youtube.com/watch?v=Gz2myWJCieo - маски за супер херои
3. Музичка, подвижна игра
- 1 ви Април – Поточиња 2006
https://www.youtube.com/watch?v=1dITwlwRpU8
ЦЕЛИ:
- Поттикнување на детето да креира, создава и при тоа да ја развива својата фантазија
- Развивање на детската љубопитност и љубов кон работа со ликовни материјали
ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:
- Детето се преправа и си замислува работи во играта
- Детето креира нови игри и активности.