Зајко бара морковче

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ШУМСКИ ЖИВОТНИ

ДАТА: 20.04.2020

РЕАЛИЗАТОР: СВЕТЛАНА АРСОСКА


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Физичко здравје и моторен развој


СТАНДАРД: Детето може да се движи координирано со цел


НАСЛОВ НА ТЕМА: ЗАЈКО БАРА МОРКОВЧЕ


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра/ разговор

* Потребни материјали:

  • слики
  • илустрации
  • детска литература

🙂 Зајакот е цицач кој живее во шумата. Него може да го одгледува човекот кој го храни со тревичка, морковче, зелка.

🙂 Зајакот потекнува од Европа, но денес го населува целиот свет освен Антарктикот. Се среќава и во тревни предели како и во обработени полиња.

🙂 Достигнува должина од 40 см. и тежина од 2 кг. Зајачицата може да роди од 2 до 7 малечки.

🙂 Зајакот е тревопасен кој јаде корења, лисја и кора од дрво. Поради тоа забите му се трошат и горните секачи постојано му растат.

🙂 Карактеристични за зајакот се двете големи ушиња на главата и белото крзно кое може да е и црно и сиво.

🙂 Гледајќи ги сите декорации за Велигден со зајаци се наметнува прашањето што симболизира велигденскиот зајак? Велигден знаеме секогаш се паѓа во пролет. Како резултат на нивната плодност и нивната активност во пролет зајаците се стекнале со симбол на пролет и новиот живот.

2. ОБРАБОТКА НА ПРИКАЗНА: МАЛОТО ЗАЈАЧЕ

https://www.youtube.com/watch?v=vcVa0aSuFx0&feature=youtu.be

zajko 1

3. ПОДВИЖНА ИГРА

🙂 „Зајко бара морковче“

ПОДГОТВИТЕЛЕН ДЕЛ: Вежби за истегнување

zajko 2

🙂 ТЕК НА ИГРАТА : Две дечиња се натпреваруваат кој прв ќе стигне до морковчето со скокање како зајачиња. Го земаат  морковчето и го носат назад до една корпа . Го ставаат внатре и се враќаат брзо по второто морковче да го земат. Така двете деца - зајачиња се натпреваруваат кое повеќе и побрзо морковчиња ќе однесат во својата корпа. Победник е тоа дете што однесло повеќе морковчиња во корпата за одредено време.


4. ПЕСНИЧКА:

🙂 Зајачето Бани

https://www.youtube.com/watch?v=q-Dnq69dwok&feature=youtu.be


ЦЕЛИ:

  • Развивање на натпреварувачки дух кај децата
  • Развивање на љубов кон зајачето и другите животни
  • Да се поттикне активно слушање и разбирање на говорот од страна на возрасен

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето го поставува телото и екстремитетите во позиција да имитира некого или нешто

Related Articles