МИСИЈА НА СОВЕТУВАЛИШТЕТО:
воспитно, превентивно и советодавно
да го олесниме процесот на растење и созревање на детето
развивајќи ги неговите потенцијали,
да му помогнеме да биде успешно, самостојно и задоволно,
а родителите да бидат исполнети и сигурни во себе“


Советувалиштата за деца и родители во рамките на предучилишните установи се воведоа во 2014 година. Како законска обврска и нужност, во ЈДГ „Весели Цветови“ – на општина Кисела Вода во Град Скопје, од истата година започна со обезбедување на услови за започнување на ефикасно функционирање на Советувалиштето за деца и родители. Во 2015 година е донесена Програмата за работа на Советувалиштето за деца и родители.

Советувалиштето за деца и родители во ЈДГ „Весели Цветови“ – на ОКВ во Град Скопје има за цел да им пружи помош на децата, родителите и вработените во подобрување на воспитно-образовниот процес на установата. Улогата на Советувалиштето е пред се превентивна и советодавна.

Советувалиштето својата работа ја извршува преку:

  • советување на деца,
  • советодавни-консултативни средби со родители,
  • соработка со воспитно-негователскиот тим,
  • организирање на стручни предавања и стручни усовршувања.

Кога станува збор за советодавна работа со деца, таа се однесува на следното:

  • помош во процесот на адаптација,
  • поттикнување на когнитивниот, емоционалниот и социјалниот развој,
  • поттикнување на потенцијалите, откривање на талентираност и надареност,
  • поттикнување на самодовербата и мотивираноста на децата.

Кога станува збор за советодавна работа со родители, таа се однесува на следното:

  • рано препознавање на развојни ризици,
  • рана интервенција во случај на ризик,
  • психолошка, педагошка и социјална поддршка на родителите,
  • поддршка на родителот во детскиот развој,
  • стручни предавања за родителите.

Стручните работници се оние кои ја организираат, водат и спроведуваат работата и активностите на Советувалиштето за деца и родители. Притоа, родителите можат да побараат стручна помош од најразлични области на делување или стручен профил на стручниот работник. Оттаму, родителите во ЈДГ „Весели Цветови“ – на општина Кисела Вода во Град Скопје можат да добијат советодавни услуги од следните стручни области:

  • Педагошки советодавни услуги,
  • Логопедски советодавни услуги,
  • Дефектолошки советодавни услуги и
  • Советодавни услуги од доменот на социјалната работа,

Распоредот на работа на Советувалиштето за деца и родители е пред се организирано според потребите на родителите, а воедно и секој работен ден до 12 до 14 часот во просториите на Советувалиштето – во Управата на установата, на ул. Ѓорѓи Сугаре бр.2, Кисела Вода.

Стручни работници во ЈДГ „Весели Цветови“ – на ОКВ во Град Скопје кои ја организираат и спроведуваат работата во Советувалиштето за деца и родители се:

  1. Педагог – Николина Блажевска
  2. Социјален работник – Весна Блажевска
  3. Логопед – Наташа Живковска и
  4. Дефектолог – Анета Јовановска.