Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Програми за воспитување

"Весели Цветови" спроведува темелна 12 часовна програма за рано воспи-тување, образование и грижа за деца со навршени 8 месеци живот до поаѓање в училиште.

Оваа предучилишна програма се спроведува секојдневно, од понеделник до петок, (градинката не работи во сабота, недела и во празници кои се прославуваат во РМ).

Постојат два основни организациони облици:
-    јасли (за деца од една до две години)
-    градинка (за деца од две години до поаѓање в училиште) 

Целите и задачите на примарната програма се поттикнување и развој на сите актуелни и потенцијални можности на детето (физички, интелектуални, социо-емоционални, комуникациски и изразни).

Во воспитно-образовната работа ги вклучувме и децата со посебни потреби - деца со тешкотии, како и талентирани деца и надарени деца.

Со децата редовно работи стручен тим за воспитување и згрижување,(воспитувачи , негуватели) и повремено педагог,психолог и  дефектолог.

ОГЛАС

pdf

За прибирање на понуди за факултативни активности


Денешни посети:1
Посети (овој месец):878
Посети (оваа година):7488
Посети (вкупно):92432