Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Градинката Весели Цветови  започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја,на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.  
Потребата од згрижување на сé повеќе деца во установата, придонела за отворање на повеќе клонови. Во Декември 1972 година, Собранието на град Скопје донело решение за давање согласност за спојување на градинката "Мирче Ацев" и комбинираната детска установа "Боца Иванова" во една градинка, која добила име "Весели Цветови". 

Сé до 1995 година градинката"Весели Цветови" растеше во однос на бројот на деца,вработени и клонови, па достигнала број од запишани 3808 деца во 166 воспитни групи и 17 клонови.

Во 1995 година градинката "Весели Цветови" е поделена од страна на Министерството за труд и социјална политика на повеќе установи, како што се денешните градинки:

  • градинката "Срничка" во населбата Аеродром со 6 објекти,
  • градинката "Буба Мара" во Лисиче со 3 објекти,
  • градинката "Корчагин" во Центар со 3 објекти
  • градинката "8-ми Март" во Драчево  со 2 објекти.

ЈДГ "Весели Цветови"  денес е реномирана градинка која обезбедува квалитетен престој на деца од предучилишна возраст за граѓаните од Општина Кисела Вода. Располага со пет објекти:

  • Објект "Сончоглед"
  • Објект "Мимоза"
  • Објект "Синоличка"
  • Објект "Кокиче"
  • Објект "Перуника"

Објектите се лоцирани на територијата на Општина Кисела Вода, во кои згрижува воспитува и образува  869 деца, во 31 воспитна група за кои се грижат 113 вработени.
Објектите се опремени со опрема која е прилагодена за потребите и возраста на децата.Кабинетите располагаат со соодветни дидактички материјали.
Опременоста на нашите објекти овозможува децата да дојдат во контакт со најсовремени дидактички игри и детска литература, а со тоа се збогатуваат нивните сознанија за се што ги опкружува.

Воспитно-образовната работа се реализира согласно Националната програма  заработа со деца од предучилишна возраст  базирана на Стандардите за ран детски развој, преку најразлични содржини, однапред испланирани од стручните служби и воспитниот тим.Секојдневното планирање и реализирање на активностите резултира во правилен психофизички развој и градење на личноста на детето.

Но, за квалитетна работа потребен е квалитетен персонал кој работи со децата.Во градинката "Весели Цветови" посебно внимание се посветува на стручното усовршување на вработените преку најразлични форми на едукација (предавања, работилници, дебати, трибини), развивајќи ја индивидуалната работа на воспитниот и негувателскиот персонал. 
Познати сме по многубројните квалитетни приредби по различни поводи, во кои главни актери се децата, а понекогаш вклучуваме и некој родител или вработен, за да биде уште поинтересно.

Во градинката се применува следната програма за престој:

  • целодневен престој -9-11 часа
  • полудневен престој -4-6 часа
  • кратка форма-3 часа

Се организира згрижување, воспитување, образование и здравствена заштита за децата од предучилишна возраст, од навршени 8 месеци до 6 години, односно до поаѓање во училиште.

ОГЛАС

pdf

За прибирање на понуди за факултативни активности


Денешни посети:1
Посети (овој месец):878
Посети (оваа година):7488
Посети (вкупно):92432