Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Советувалиште

ЈДГ „Весели Цветови“ преку оваа веб-страница Ве информира Вас и Вашето дете за работата и активностите на градинката за оваа учебна година. Ви посакуваме пријатни мигови на нашата веб-страница.

Работното време на градинката е секој работен ден од 6 часот наутро до 18 часот попладне, но не работи за викенд и празници.

При упис на Вашето дете потребно е доставите Досие на дете во кое ќе ја пополните Пријаватаза упис на дете, матичниот лекар ќе пополни податоци  за здавствена заштита на детето  и да потпишете Договор со којшто ќе се регулираат заемните права и обврски.

Доколку детето поради болест отсуствува повеќе од 5 дена, потребно е да донесете потврда од педијатар.

Воспитно-образовната работа, негата и превентивната заштита ја реализираат воспитувачи, негователи и стручен тим, согласно Програмата за Ран детски развој, базирана на Стандардите за рано учење и развој кај децата од 0 до 6 годишна возраст.

Децата на возраст од 8-24 месеци се згрижуваат во детски јасли-групи предвидени и опремени за таа возраст.

Децата од 2-6 годишна возраст се сместени во групи според старосната структура, и тоа:

  • група на деца од 2-3 години,
  • група на деца од 3-4 години,
  • група на деца од 4-5 години
  • група на деца од 5-6 години

Програмата за работа за оваа година предвидува згрижување, воспитување и образување на сите деца кои ќе бидат запишани во нашата градинка.

Стручниот тим секој месец подготвува програма со која се реализираат различни теми кои се прилагодени според соодветната возраст на децата.

Секојдневната воспитно-образовна работа со децата се планира, реализира и евидентира во дневници кои се специјално наменети за истата.

Предвидени теми за оваа година за децата од 2 до 6 годишна возраст се:

  • Градинката ја чуваме во неа другаруваме
  • Мама тато и јас
  • Градот низ детските очи
  • Мојот град урбана средина
  • Порака за Дедо Мраз
  • Здравје- здрава храна
  • Ајде да спортувам
  • Богатствата на природата
  • Природата во пролет
  • Децата се иднината на планетата земја
  • Како растам
  • Сообраќајна азбука
  • Сообраќајот како загадувач на животната средина

Исхраната, еден од битните фактори за правилен раст и развој на Вашето дете, ја осмислува и планира стручен тим во соработка со Републичкиот завод за домаќинство, којшто врши увид и редовна контрола на оброците што ги добиваат децата (појадок, ручек и ужина).

Секоја година на децата од 3 до 6 годишна возраст се прават систематски прегледи на забалото од страна на стоматолози, испитување на слухот и говорот од страна на стручни лица од Институт за слух,говор и глас.

Надзор на стручната работа вршат надлежни институции и органи од локалната самоуправа, Министерството за труд и социјална политика и Бирото за развој на РМ.

Редовна контрола вршат и санитарната, финансиската и сите надлежни инспекциски служби на Општината и Градот Скопје.

Правилната адаптација на Вашето дете е од исклучително значење за неговиот понатамошен развој.За било какви дилеми во врска со адаптацијата и психофизичкиот развој на Вашето дете, можете да се обратите до педагог,  дефектолог, логопед, социјален работник, главна медицинска сестра, музички соработник  кои ви стојат на располагање секој работен ден, со предходно закажан термин.

Вашата соработка со вработените, а секако, најмногу со воспитувачот и негователот од групата која ја посетува Вашето дете, е од најголема важност за неговиот правилен раст и развој.

За нас драгоцена ќе биде Вашата соработка, заинтересираноста, идеите, планирањата, сугестиите, предлозите, како и Вашата помош во многу наши проекти, настапи, приредби, работилници, посети на значајни локации, и многу други нешта кои се од големо значење за културното збогатување и развој на Вашето дете.

Создавањето атмосфера на доверба е засновано на нашата меѓусебна квалитетна комуникација и почитување.Со тоа се овозможуваат безгрижни и среќни денови за Вашето дете.

ОГЛАС

pdf

За прибирање на понуди за факултативни активности


Денешни посети:13
Посети (овој месец):885
Посети (оваа година):4513
Посети (вкупно):89457