Што покажува семафорот

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА:  СООБРАЌАЈНИ ПРАВИЛА

ДАТА: 03.06.2020

РЕАЛИЗАТОР: ЈУЛИЈА СМИЉАНОВСКА


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: ПРИСТАП КОН УЧЕЊЕ


СТАНДАРД: ДЕТЕТО МОЖЕ ДА НАУЧИ НОВИ РАБОТИ И ДА СТЕКНЕ НОВИ ИСКУСТВА


НАСЛОВ НА ТЕМА: ШТО ПОКАЖУВА СЕМАФОРОТ?


АКТИВНОСТИ:

1. Говорна игра/ разговор

*Потребни материјали:

  • слики
  • илустрации
  • детска литература
    • Сообраќајните знаци се знаци според кои се однесуваме во сообраќајот.
    • Тие ни забрануваат движење, ни објаснуваат какви опасности има на патот и не известуваат за тоа што и каде се наоѓа.
    • Задолжително е нивно почитување од сите учесници во сообраќајот.
    • Сообраќајните знаци се исти во целиот свет.

01

ШТО ПОКАЖУВА СЕМАФОРОТ ?

02

Семафорот е светлосен знак.

Постојат два вида на семафори:

семафор за пешаци:

03

  • Додека свети црвеното човече на семафорот за пешаци треба да почекаме мирно, затоа што не е безбедно да ја преминеме улицата.
04
05

  • Кога ќе светне зеленото човече, можеме безбедно да ја преминеме улицата.
06
07

семафор за автомобили:

  • Може ли да си замислиме како ќе се разминат сите овие автомобили, доколку нема семафор на крстосницата, како на сликата? Невозможно е нели.
  • Затоа постојат семафорите. Тие имаат правила кои ние треба да ги знаеме и почитуваме.

08

Тие се составени од три светла: црвено, жолто и зелено.

09

Овие бои означуваат:

Црвено: се наоѓа најгоре на секој семафор. Тоа значи запирање на автомобилите и чекање додека не дојде другото светло на ред;

10


Жолто: се наоѓа помеѓу црвеното и зеленото светло. Тоа означува припрема;

11


Зелено: се наоѓа најдолу на семафорот и значи поаѓање.

12


2. Гледање на видео

Ќе го погледнеме видеото  ,,Сообраќаен буквар,,

https://www.youtube.com/watch?v=_4O6a01KGzw


3. Занимливости за семафорот:

Без нив сигурно би било хаотично на сообраќајните раскрсници. Сите ги почитуваме и тие се еден од најважните за безбедноста.

Првиот семафор во светот бил поставен во 1868 година во Лондон и бил составен од плински светилки. Со нив се управувало рачно, а работеле само навечер.

Првите семафори на струја пак, се воведени во Детроит во 1912 година и претставуваат основа на модерните семафори.

Дали знаете зошто светилките се во црвена, жолта и зелена боја?

Лестер Вајр кој го контролирал првиот семафор користел кутија со светилки во две бои и тоа црвена за застанување и зелена за тргнување како и ѕвонче со кое се предупредувале пешаците дека ќе се промени светлото.

  • Црвената боја е избрана неслучајно. Тоа е боја која во психологијата на луѓето асоцира и предизвикува страв, опасност, сила, насилство, оган, а сите овие појави предизвикуваат големо внимание. Оттука како боја која предизвикува најголемо внимание избрана е црвената боја како боја кога треба да се обрне внимание односно застане.
  • Зелената боја пак, е поврзана со природата, плодноста и сигурноста. Таа на психологијата на човекот делува смирувачки. Оттука таа се користи како известување за возачите дека тие би биле сигурни и безбедни доколку поминат кога на семафорот е вклучена оваа боја.
  • Жолтата била конечна прифатена како знак за предупредување бидејќи е позабележлива од зелената, но не е толку изразена како црвената боја.

4. Музичка активност ,,Сообраќај,,

https://www.youtube.com/watch?v=l2baP0DZ580


5. Креативна практична активност: Изработка на ,,Семафор,,

https://www.pinterest.com/pin/338684834481387109/

https://www.youtube.com/watch?v=ewwg_qbGkd4

Дополнителни примери за активност:

Понудете му на детето неколку различни модели и техники на изработка, па тоа само нека одлучи која техника ќе ја работи.

13
14
15
16
17
18

ЦЕЛИ:

  • Да се поттикнува кон поставување прашања за непознати предмети, лица и настани.
  • Да се развива способноста за искористување на играта и игровните активности во функција на учење и откривање.

ИНДИКАТОРИ:

  • Поставува прашања за нешто што го интересира.
  • Може со свои зборови да ги искаже стекнатите знаења.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес50
Вчера326
Оваа недела1529
Овој месец4421

Моментално посетители

2
Онлајн

2024-04-20

Политика за колачиња