Играта на децата на предучилишна возраст

Изработил: м-р Анета Јовановска Стојаноска
дефектолог

Играта како доминантна активност на детето од предучилишна возраст и како основен облик и метода на работа на таа возраст има посебно едукативно значење. Едукативната работа мора да биде насочена кон создавање на услови за игра на децата и за нивните практични и други активности.

Со играта детето ја вежба и ја развива својата физичка и психичка сила и способностите, се здобива со сознание за животот и за светот, ги збогатува и ги развива своите емоции и чувства, ја развива и ја формира својата воља и го регулира своето однесување.

Во фазата на ползење и почетно одење, играта се состои од едноставно ракување со предметите. Децата ги испитуваат нивните особини и ја менуваат нивната положба, и се обидуваат да дејствуваат врз нив при манипулација со предметите тие ја запознаваат својата околина, а со својата љубопитност го изразуваат и својот однос кон неа.

 Со развојот на подвижните способности и со развојот на говорот, работата на децата станува се посложена, детето почнува да го имитира  ракувањето на возрасните луѓе со предметите со материјалот и со алатот.

Играта на децата потсетува на дејноста на возрасните. Децата настојуваат да ја сватат стварноста која ги опкружува и врз нив силно дејствува. Се соживуваат со улогата на личности, дејствуваат и си замислуваат конкретни ситуации. Во нив не само што ја доживуваат стварноста, длабоко и емоционално, туку и таа стварност и активно ја менуваат.

Задоволството со текот на играта е главното нешто, а подоцна настапува и задоволството поради постигнатата цел. Малото дете следи во едноставна игра определена цел и кон него дејствува (чука на предметот и очекува звук, ја турка топката и очекува да се истркала). Постарото дете од предучилишна возраст однапред ја определува целта на својата дејност и таа своја дејност свесно ја насочува. Така играта станува свесна дејност што е насочена кон определена цел.  Со активната дејност во играта се развиваат сите страни на личноста на детето. Во тоа се состои значењето на играта за сестрано воспитание на детето.

Играта е важна за телесниот развој на детето. Во играта се развиваат подвижните способности, активноста е корисна за физичкото здравје и за доброто расположение.

Во играта се развива детскиот говор. Улогата што ја добива детето во играта е побогата со користење на зборови најчесто со употреба на зборови кои досега се наоѓале во неговиот пасивен говор. Во играта учи нови зборови од возрасните или од другите деца.

Во однос на играта со другите деца, децата се најчесто зафатени со својата игра. Соработката претставува тешкотија, игрите се најчесто индивидуални. Понекогаш децата си играат со исти играчки или од ицѓсти материјали, играта има иста тема но сепак не се работи за соработка. Децата играат едно покрај друго, се имитираат и така постепено настанува игра со двајца или тројца. Тие игри претставуваат премин во колективни игри.

Често некое од децата ја сваќаат целта на  играта по свое, од темата на играта одбираат активности кои ги интересира, во играта ги одразуваат своите интереси и сособности.

Детските игри се делат во две големи групи:

  1. Игра која ја сочинуваат само децата, тоа се творечки игри и се делат  на тематски, драматурски и конструктивни игри.
  2. Игри со определена содржина и со точни правила. Тоа се игри со правила кои се делат на подвижни игри и дидактички игри.

Играта најчесто се изведува со играчки кои претставуваат извор на детска радост, ја поттикуваат фантазијата и активноста на детето, предизвикува желба за игра. Играчката ги прима своите вистински функции дури тогаж кога детето си игра со неа. Коклку жто повеќе измени овозможува во играта, колку жто почесто може да се употребува во разни ситуации, толку е поинтересна за детето и ќе има посилно воспитно влијание.

На помалите деца им требаат играчки кои ги поттикнуваат на движење, придонесуваат за развој на движечките способности, ги усовршуваат и ги координираат движењата. Сложувалките се со поголема величина со помалку делови, некои се повторуваат и начинот на конструкција е поедноставен. Интересни за децата се играчки кои светат, се движат испуштаат звуци, играчки со различна текстура.

За поголемите деца во играта користат поразновидни играчки, единечни и комплети на пример: животни, мебел, садови, сообраќајни средства, зоолошка градина и друго.

Децата на 5-6 годишна возраст  се интересираат за колективни игри. Им требаат играчки како големи сложувалкии кои поттикнуваат кон заеднички игри, коцки, конструктивен материјал и друго.

Суштината на детската игра е сепак индивидуална според постигнувањата и можностите на детето. Сите деца играат, само начинот на играта е некогаш неразбран  од страна на возрасните. Интересот за одредени играчки и начинот на манипулирање со нив е одраз на когнитивниот развој на детето.

01

02
03

04

05
06

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес248
Вчера351
Оваа недела1497
Овој месец6829

Моментално посетители

2
Онлајн

2024-03-29

Политика за колачиња